Симбио медик е ексклузивен застапник и увозник на палетата Пико која ги задоволува потребите на децата од најмала возраст
Сабота- Недела: затворено
+ (389) 02-3120012
simbiomedic@gmail.com

Related Posts

    Sorry, no posts matched your criteria.

ProBiotec®

Custom icon

ProBiotec®

ProBiotec е холандска компанија чиешто производство на средства за чистење се темели исклучиво врз природна основа. Всушност, тоа е следната генерација на производи за чистење, којашто вклучува решенија со највисоки технолошки, санитарни и еколошки стандарди.

ProBiotec овозможува попусти на определени пакети на пазарот. Овие пакети се состојат од мешани производи што можат целосно да се користат во опишаните ситуации. Цената на таков комбиниран пакет е секогаш поевтина од поединечните производи, собрани заедно.

250 мл чистач на подови

250 мл средство за чистење ентериер

250 мл тоалетен гел

250 мл санитарен чистач

250 мл кујнски чистач

250 мл чистач за прозорци

                                         1 микрофибер крпа

500 мл мултинаменски чистач

500 мл средство за чистење ентериер

500 мл кујнски чистач

500 мл санитарен чистач

500 мл чистач за прозорци

500 мл чистач на подови

500 мл тоалетен чиста

500 мл одмастувач

     500 мл сапун за раце

     500 мл шампон за кола

     1 микрофибер крпа

500 мл чистач на подови

500 мл средство за чистење ентериер

500 мл тоалетен гел

500 мл санитарен чистач

500 мл кујнски чистач

1000 мл чистач на подови (2 пакувања)

                                                                       1000 мл тоалетен чистач

                                                                                1 микрофибер крпа

500 мл мултинаменски чистач

500 мл санитарен чистач

500 мл кујнски чистач

500 мл средство за чистење ентериер

500 мл чистач за прозорци

500 мл средство против прашина

500 мл одмастувач

500 мл освежувач за простории

   1000 мл чистач на подови (2 пакувања)

   1000 мл мултинаменски чистач

   1000 мл одзатнувач

   750 мл тоалетен чистач

   500 мл сапун за раце

   2 микрофибер крпи

50 мл освежувч за спорстски обувки

50 мл освежувач за спортска облека

За ProBiotec®

ProBiotec® Портфолио

Со користење на врвно биотехнолошко знаење и врвна биотехнологија, како и со долгогодишно истражување и развој, нашата Мисија е да го минимизираме нивото на загадување на животната средина со обезбедување на решенија за чистење без додадена хемиски средства.
Квалитетот на сите наши производи е во согласност со унапредување на национални легислативи и со европска регулатива, но и со сè поголемата побарувачка врз основа на глобалните норми и регулативи: Да се чисти со производи кои веќе не се засноваат врз хемикалии – бидејќи тие имаат негативно влијание врз луѓето и средината. ProBiotec има многу строга политика за одржливо производство, со примена на принципите на кружна економија и индустриска екологија: Тоа значи максимално рециклирање, минимално создавање отпад, чисти производствени влезови и позитивен ефект врз луѓето и животната средина.

Целта на ProBiotec е сè повеќе луѓе и компании да користат зелени производи за чистење.

100% производи за еколошко чистење – 100 + придобивки

Нашите пробиотички средства за чистење се 100% еколошки. Некои производи содржат мирис и бои, но тие, исто така, се од природно потекло. Сите течни производи Probiotec се засноваат на Cat.1 позитивни пробиотички бактерии од ЕУ категоризацијата и, како такви, се целосно безбедни за луѓето и за околината – тие се комплетно биоразградливи, незагадувачки, неабразивни, незапалливи, небиоцидни и безбедни за употреба во околини за контакт со храна.

Традиционалниот начин на производство на производи за чистење вклучува употреба на хлор, натриум, разни киселини и други опасни компоненти коишто имаат долготраен негативен ефект врз животната средина. Со нашите производи, сега секојдневно можете безбедно да чистите на еколошки начин. Нашите производи не само што се потполно безопасни за животната средина, туку се и поддржувачки во нејзината регенерација – откако ќе завршат во канализациите, тие имаат еколошки ефект на лекување (на пример, како што е порастот на нивото на кислород во отпадни води).

Сега можете да престанете да користите хемиски средства за чистење или средства за дезинфекција направени од хемиски супстанции кои имаат негативни ефекти врз луѓето. Хемиски средства за чистење кои ги користиме секојдневно содржат различни состојки со тешки хемиски, физички и, евентуално, токсиколошки својства и можат да доведат до иритација на кожата и дишниот тракт, потоа преосетливост, па дури можат да предизвикаат и одредени заболувања кај луѓето.
Од друга страна, нашите производи за органско чистење ги немаат овие негативни ефекти – тие се природни, биолошки, вегански, целосно био-разградувачки, антиалергенски и неиритантни за кожата.

European Ecolabel е знак за квалитет што се доделува на производи или услуги што се помалку штетни за околината од тие што квалитативно се  споредуваат. Иако ние исто така аплициравме за да го добиеме Еколабел, нашите внатрешни стандарди се повисоки.

Така, одиме два чекори подалеку. Нашите производи воопшто не ја нарушуваат околината – тие ја прават хигиенски стабилна и придонесуваат за побрзо закрепнување. Ова е докажано преку надворешни тестирања (third-party тестирања), преку универзитетски лабораториски извештаи, како и преку Flemish Environmental Society (Фламанското здружение за животна средина). Сите овие испитувања и извештаи се достапни на барање.

Силата на природата, каде што ги наоѓаме нашите микроорганизми, не може да се занемари. Всушност, со години никој не беше заинтересиран да инвестира во ова и да ја истражи моќта и да ги осознае придобивките на микроорганизмите, бидејќи тие беа првите форми на живот на планетата. Со инвестирање во истражување и развој, бевме во можност да ги идентификуваме и да ги изолираме оние микроорганизми дадени од природата коишто имаат специфични својства за да ја направат околината чиста и да ги замени лошите бактерии.

Милиони години луѓето живеат заедно со бактерии кои, всушност, ги одржуваат и здрави. Само лошите / патогените бактерии ги прават луѓето болни. Кој е тогаш најдобриот начин за борба против лошите бактерии и кои се најдобрите решенија за ова?
Како работат обичните хемиски средства за чистење со антибактериски својства: Овие производи убиваат (како што е наведено на етикетите на производи) 98% од сите бактерии кои се присутни во околината. Тоа значи дека тие ја дебалансираат околината. Но, во рок од 30 минути по чистењето, повеќе лоши бактерии може да се најдат на “исчистените” површини отколку пред чистењето! Ова е затоа што лошите бактерии стануваат лесно отпорни на хемиската содржина и тие повторно ја населуваат површината.

 

ProBiotec има цел да ја заштити и да ја врати назад природата – на природата. На овој начин сакаме да изградиме свет во којшто луѓето ќе живеат со почит кон природата и во склад со животната околина.

Ние се стремиме да произведеме 100% органски и CO2 неутрални производи.

 

Со секојдневна употреба на рачен сапун, лошите бактерии немаат шанси!

Кога користите Probiotec® производи, нема убиени бактерии (лоши или добри). Само лошите / патогени бактерии (како што се Escherichia coli, Pseudomonas aeruginosa, Candida albicans, Staphylococcus aureus, Aspergillus niger слично) се неутрализираат и се отстрануваат со помош на конкурентно исклучување, пришто голем број на добри бактерии ги намалуваат и ги заменуваат лошите. Ние во Probiotec® добивме убедлив доказ, врз основа на универзитетските истражувања дека до 95% од лошите бактерии исчезнале по само една недела од употребата на нашите производи. Тестираните површини не беа повторно населени од лоши бактерии, пре сè заради заштитниот слој формиран од нашите производи за чистење.

Нашата пробиотичка формула (активна супстанција базирана на микроорганизми) има тројна карактеристика:

Употреба на нашите бактерии:

– Мириси, масти, масла, вар, ‘рѓа

– Органски материи, протеини

– Урина, амонијак

Целата наша амбалажа може да се рециклира, како што се, на пример, налепниците, шишињате, буквално – сè!

Како и да е, одиме уште подалеку и ги промовираме нашите пакувања од картон за refill (повторно полнење).

Дури и за линијата Carwash-pro (за Миење автонобили про) ние ја испорачуваме само во картонска амбалажа.

CORPORATE Green чистење

Најновите трендови на пазарот

„Позеленувањето “ на чистењето не се однесува само на чистење дома. Всушност, проценетиот обем на производи за професионално чистење што се користат во ЕУ28, како и Норвешка и Швајцарија, се позиционира на 590.000 тони производи годишно, со проценета вредност од 886 милиони евра.  Чистењето на деловен простор (канцеларии и слично) предоминира, пришто претставува 50% од прометот.

Луѓето стануваат повеќе свесни за проблемот – тие прво минуваат осум часа во своите канцеларии, а потоа остатокот дома. Ако и канцелариите и домот се исчистени со хемикалии, тоа значи дека човечкото тело треба да се бори со хемикалиите 24/7.

Наместо тоа, луѓето сè повеќе се престројуваат кон зелената алтернатива на ваквите околини (оптоварени со хемикалии) и го насочуваат својот интерес кон зелено чистење, како за дома така и за службена употреба.

Затоа, ЕУ предлага (Комуникација на Комисијата “COM (2008) 400) спроведување Green Public Procurement Policy (спроведување на политиката на Европската Унија на Зелени набавки) со којашто тие се залагаат за употреба на помалку штетни, зелени средства за чистење, кои ги исполнуваат тековните еколошки критериуми – и за внатрешно и за надворешно чистење на јавните места.

Сите производи на ProBiotec ги исполнуваат најстрогите барања за зелено чистење и корпоративните клиенти можат да ги користат од за организирање и обезбедување услуги за зелено чистење, пријателско за животната средина, со помалку отпад, хемикалии и вода

Поради сè поголемата побарувачка за решенија за зелено чистење, ProBiotec работи на глобално ниво со испораки направени на одредени национални или регионални пазари користејќи деловни партнерства и застапништва.

За чистење на целиот ентериер, како што се мебел, тапацир и столчиња.

Готов производ за употреба

Содржина 250 ml, 500 ml, 5 Ltr

100% биолошки ефект

За чистење на вашата кујна како што се работната површина, шпоретот, мијалникот…

Готов производ за употреба

Содржина 500 ml, 5 Ltr

100% биолошки ефект

Погоден за чистење на сите видови подови, со освежителен мирис.

Пакување 500мл, 1л и 5л.

100% биолошки ефект.

Концентрирано биолошко средство за чистење на секаков тип на подни површини (плочки, дрво, паркет, керамичен под итн.). Ефикасно во отстранување нечистотии, непријатни мириси, микроорганизми и бактерии. Ја заштитува текстурата на подот. Соодветно за секојдневна употреба. Најдобри резултати при континуирано користење.

 

Дозирање и употреба: Нерастворено за тврдокорна нечистотија или при првична употреба се до раствор 2% (на пр. 100мл. на 5л. вода) во млака вода. За оптимален резултат по растворањето почекајте 10 минути пред чистење. Неутрализира до 95% патогени микро-организми и бактерии во првата седмица. Создава заштитен анти-бактериски слој ефикасен до 7 дена. Ја одржува средината хигиенски стабилна. Неможе да се предозира.

Нанесете со сунгер, крпа или машински. Исплакнете и/или пребришете.

100% природно, одржливо, безбедно средство безопасно за луѓето и природата.

Содржина: Пробиотек® активна формула за чистење, ензими, природни сурфактанти < 0,8 %, cocamidopropyl betaine (CAPB, од кокосово масло) < 0,4%, прочистена вода, може да содржи траги од лимонен и масни киселини < 0,05%. PH нетрално ~7. Содржи микро-организми. Не содржи додаени хемикалии или биоцидни компоненти.

 

Содржина: концентрат

 

Да се чува вон дофат на деца.

Произведено во Холандија.

 

100% органски одмастувач. Погоден за чистење на сите области кои треба да бидат одмастени, како мијалник, скара итн.

Спремен за употреба.

Пакување 500мл и 5л.

100% биолошки ефект.

100% органски мултинаменски чистач.

Лесен за употреба на сите површини.

Спремен за употреба.

Пакување 500 мл, 1л и 5л.

100% биолошки ефект

100% биолошки моќен чистач за одвод. Одзатнува одводни цевки кои се запушени со органски материи.

Спремен за употреба.

Пакување 1л и 5л

Кажете им збогум на сите невидливи бактерии во следните 2 недели. За сјајна и светла бања.

Спремен за употреба.

Достапен во пакување од 500мл, 1 и 5 л.

Дава повеќе природен сјај, неабразивен за кожата и површините. Ги отстранува сите органски загадувања на метални и не’рѓосувачки метални површини.

Спремен за употреба

Достапен во пакувања од 500 мл, 1 и 5 л.

Направете ги проѕирни прозорите повторно. Вашите соседи ќе бидат љубоморни.

Спремен за употреба.

Достапен во пакување од 500мл и 5л.

Органски гел-чистач за одржување на тоалетот и санитарните површини. Не се потребни заштитни ракавици при чистењето.

Спремен за употреба.

Достапен во пакување од 750 мл и 5л.

Природа во вашите раце. Ништо повеќе. Нежниот допир создава повеќе пријателства.

Спремен за употреба.

Достапен во пакување од 500мл и 5л

Концентриран готов биолошки течен сапун за раце за секојдневна употреба. Ефективен во отстранување нечистотии, мириси, микроби и патогени бактерии. Ја зачувува природната влажност на кожата без надразнувачко и алергиско влијание. Најдобри резултати со постојана употреба.

Карактеристики: Целосно природен, органски, вегански и биолошки производ со антиалергиски својства. Комплетно био-разградлив. PH неутрален ~ 7.

Содржина: Пробиотек® активна пробиотска формула <20%, природна арома, xanthan коагулант <0,8%, природни сурфактанти <0,4%, агент за природно боење <0,018%, прочистена вода. Може да содржи траги на лимонен и масни киселини. Содржи позитивни микроорганизми 1-ва кат. ЕУ. Не содржи додадени хемикалии (без троклолан, хлориди, натриум итн.) ниту биоцидни компоненти. Не содржи палмово масло.

Упатства за употреба: Едно притискање на дозерката за едно миење раце. За најдобри резултати, оставете го неколку секунди или повеќе на рацете, а потоа измијте. Неутрализира најчести патогени и микроорганизми. Создава заштитен антибактериски слој. Ја прави кожата хигиенски стабилна. Не можам да се предозира. Погодно да се користи и во апарат.

Да се ​​Чува на суво и темно место под 25° C. Може да изгуби ефикасност ако се користи заедно со хемиската козметика. Не абразивен и не-запалив.

Да се ​​чува подалеку од дофатот на децата.

Произведено во Холандија.

Длабоко чистење на сите видови камени подови и мермерни површини. Не остава дамки и не ја менува бојата.

Спремен за употреба.

Достапен во пакување од 1 л и 5л.

Концентрирано средство за чистење на природна камења (силикатна или варовничка структура) идеално за сите камени површини (плочки, подови, бања, површини од природен камен во двор, градина, базени и др) и видови камен (гранит, варовник, мермер, песочник) итн.

 

Карактеристики: Елиминира нечистотии, дамки, лоши мириси и микроби. Создава заштитен антибактериски слој. 100% природен, органски и вегански производ. Не-абразивен и нетоксичен. Целосно био-разградлив. PH неутрален ~ 7. Безбеден и безопасен. Лабораториски тестиран.

 

Упатства за употреба: Користете неразредена или разредете во сооднос до 1:20 со вода, а потоа нанесете со прскање над саканата област на камената површина, избришете ги дамките или површината и оставете природно да се исуши. Не може да се предозира.

 

Содржина: Пробиотска активна  формула <20%, вода. Содржи позитивни микроорганизми класа 1-ЕУ. 0% додадени хемикалии, без бои.

Чувајте на темно под 30 ° С.

Да се чува подалеку од дофат на деца.

 

Произведено во Холандија.

 

 

 

Се бори со сите мириси во нивниот корен.

Спремен за употреба.

Достапен во пакување од 500 мл и 5л.

Вашите нови невидливи ракавици, Биди свој секаде, Ја заштитува текстурата на кожата.

Спремен за употреба.

 

Антиалергено.

Заштитува од алергии на сите видови површина и текстил.

Спремно за употреба.

Достапно во пакување од 250мл, 500мл 5л.

100% биолошки ефект.

 

Заштитува од повторно растење на нови алги на сите површини.

Спремен за употреба.

Пакување 500мл.

 

Ги отстранува сите непријатни мириси веднаш.

Капацитет од 500мл и 5л.

100% биолошки ефект.

 

За одржување на климатизацијата и каналите за воздух.

Спремен за употреба.

Пакување 500 мл.

 

100% органски анти-тобако отстранувач на мирис. Лесен за употреба на сите видови површини.

Спремен за употреба.

Содржина: 250 мл, 500мл, 1л и 5л

 

Ги отстранува сите непријатни мириси во обувките.

Спремен за употреба

Содржина 500мл.

 

Ги отстранува сите непријатни уринарни мириси од вашите миленичиња. Само испраскајте и готово.

Спремен за употреба.

Содржина 500мл.

 

Ги освежува сите видови на текстил после употреба, така што Вашата спортска торба нема да мириса.

Спремен за употреба.

Содржина 50мл и 250мл.

 

100% органски остранувач на масла. Навлегува во сите области каде има маслено онечистување.

Спремен за употреба.

Содржина 1л и 5л.

 

100% органски шампон за кола кој е многу ефикасен за употреба и обезбедува заштитен биофилм на Вашето возило после перењето.

Спремен за употреба.

Содржина 500мл, 1000мл и 5л.

 

Повторете кога е потребно. Создава заштитен антибактериски слој. Не треба да се користи прекумерно.

Погоден за било која боја. Следете ја препораката на производителот.

 

Содржина: Формула за активно чистење Probiotec® <20%, Probiotec®, природен мирис, прочистена вода. Може да содржи траги од лимонен. Содржи позитивни микроорганизми КАТ 1-ЕУ. Нема додадени хемикалии. Небиоциден.

 

Да се ​​чува на темно место под 25 ° C.

Да се ​​чува подалеку од дофат на деца.

 

Произведено во Холандија

Концентриранo чистo биолошкo универзално средство за чистење на секакви површини, со свеж мирис. Силно и ефикасно против нечистотија, дамки, мириси, микроби и патогени бактерии. Неиритирачко, не абразивно и антиалергиско средство.  Заради активната состојка, не е погодно за стакло. За чостење стакло, користете ПроБиотек средство за стакло.

 

Карактеристики: Целосно природен, биолошки, органски и вегански производ, со здравствени и еколошки придобивки. 100% био-разградлив. PH неутрален ~ 7. Безопасен, лабораториски и in-site тестиран.

 

Упатства за употреба: За прво чистење употребете нерастворено. Потоа, напрскајте или растворено нанесете го средството за чистење на површината, оставете го да делува и пребришете.  Потоа пребришете со вода, доколку е потребно. Неутрализира 95% од патогените бактерии веќе по првото чистење. Создава заштитен антибактериски слој, ефикасен до седум дена. Не може да се предозира. За секојдневно одржување хигиена, може да се разреди со вода во сооднос до 1: 20.

 

Содржина: Пробиотик активна природна формула за чистење <30%, природен мирис, био-сурфактанти <1%, кокамидопропил бетаин CAPB (од кокосово масло) <0,4%, природна боја, прочистена вода. Може да содржи траги од лимонен. Содржи позитивни микроорганизми КАТ. 1-ЕУ. Нема додадени хемикалии или биоцидни компоненти.

 

Да се чува на суво и темно место под 25 ° C.

 

Произведено во Холандија

 

Маските за лице треба да се испрскаат со ProBiotec спреј по секоја употреба или после перење, или барем секој ден. Треба да се суши на воздух.

 

Спреј базиран на пробиотици, ги ползува корисните бактерии за да ги колонизираат површините и да се “натпреваруваат” со лошите бактерии. На овој начин, всушност, добрите бактерии ја превземаат територијата од лошите. Ова значи дека тие можат да помогнат да се намали присуството на штетни бактерии на маската, што може да предизвика болести при вдишување.

ProBiotec спреј за маска за лице, исто така, нуди подлабоко и подолготрајно чистење на ситните несовршености и пори на маската, деградирајќи ја нечистотијата и спречувајќи повторно валкање. Пробиотиците се во состојба да го разградат протеинскиот слој на вирусите и се многу ефикасни.

 

За разлика од средството за дезинфекција на база на алкохол, спрејот базиран на пробиотик промовира позитивни бактерии, обезбедувајќи природна заштита. Во 99% тестирани случаи, ProBiotec спрејот за маска за лице два часа по прскањето создава средина каде што патогените бактерии не можат да преживеат, бидејќи пробиотиците доминираат на површината. Поради природните состојки и позитивните микроорганизми, овој производ е исклучително нежен за кожата и за материјалите од кои што се изработени маските за лице.. Не содржи додадени хемикалии, бои или ароми.

Комплетно вегански, органски и био производ!

 

Произведено во Холандија.

Концентриран природен биоактивен производ за чистење на легло за секаков тип домашни миленици, животни и птици, подготвен за употреба. Идеален за одгледувачници, штали, фарми и коњушници. Ефикасен против каква било нечистотија, мириси и микроби. Со текот на времето,  неутрализира 99% од најзастапените  бактерии  (Candida albicans, Escherichia coli, Pseudomonas aeruginosa, Staphylococcus aureus, Bordetella и слично), габи и други патогени. Создава заштитен антибактериски слој. Помага во зачувување на имунолошкиот систем на животните. Неиритирачки и антиалергичен.

 

Карактеристики: Целосно природен, биолошки, органски и вегански производ со придобивки за здравјето на миленичињата, но и со еколошки придобивки. PH неутрален ~ 7. Целосно био-разградлив. Безопасен за луѓето и животните. Лабораториски и ветеринарно тестиран.

 

Упатство за употреба: За прво чистење користете нерастворено. Испрскајте, оставете една минута и по четкањето, пребришете. Плакнете по потреба. Не може да се предозира. Се разредува со вода во сооднос до 1:20.

 

Содржина: Пробиотик активна формула <30%, природна арома и боја, нејонски сурфактанти <0,5%, cocamidopropyl betaine CAPB (од кокосово масло) < 0,5 %, sodium nitrate<0,5%, limonene<0,1%. Содржи позитивни микроорганизми од КАТ.1-ЕУ. Нема додадени хемикалии. Не-биоциден.

 

Да се чува на темно под 25 ° С.

Да се чува подалеку од дофатот на децата.

 

Произведено во Холандија.

Подготвен за употреба, нехемиски биоактивен заштитен спреј со силни антибактериски, антигабични и антивирусни својства. Водена дисперзија со брзо дејство: неутрализира повеќе од 90% од бактерии во првите 20 минути, со целосно намалување по пет денови. Создава заштитен антибактериски слој. Погодно е за сите растенија, употреба на отворено или во стаклени градини.

 

Карактеристики: 100% природен, органски и вегански производ со здравствени и еколошки придобивки. Создава заштитен антибактериски слој. Целосно био-деградибилно. Небиоцидален, ниту инсектицидален. PH неутрален ~ 7. Безбеден и безопасен. Лабораториски тестиран.

 

Упатства за употреба: Испрскајте го целото растение, во не-дождлив ден. Повторно прскање по дожд или по две недели. Не сензибилизира ако се применува на повисоки температури на воздухот. Растението може да се полева шест часа по прскањето. Не може да се предозира.

 

Содржина: Probiotec® активна природна заштитна формула <20%, прочистена вода. Содржи позитивни микроорганизми Cat 1-EU. 0% додадени хемикалии, без бои.

 

Важно:

Да се чува во темно, под 25 ° С.

Да се ​​чува подалеку од дофатот на децата.

 

Направено во Холандија.  

Подготвен за употреба, нехемиски, биоактивен растителен спреј за обновување / подмладување / рејувенација на растенијата, со силни антибактериски својства. Ги потиснува болестите и габични организми, како што се Rhizoctonia, Fusarium, Aspergillus, итн. Ја намалува подложноста на растенијата од инфекции. Водена дисперзија со брзо дејство, го олеснува новиот раст, со отсуство на жолти или паднати лисја. Погодно за сите растенија, за употреба на отворено или во стаклени градини. Безбеден при допир со храна.

 

Карактеристики: 100% природен, органски и вегански производ, со здравствени и еколошки придобивки. Создава заштитен антибактериски слој. Целосно биодеградибилно. Небиоцидален ниту инсектицидален. PH неутрален ~ 7. Безбеден и безопасен. Лабораториски тестиран.

 

Упатство за употреба: Испрскајте го целото растение: околу коренскиот систем, стеблото, вегетативните гранки, лисјата, цветовите и овошјето, на не-дождлив ден. Растението може да се полее шест часа по прскањето. Не може да се предозира.

 

Содржина: Probiotec® активна природна формула за рејувенација на растенијата <20%, прочистена вода. Содржи позитивни микроорганизми Cat 1-EU. 0% додадени хемикалии, без бои.

 

Важно:

Да се чува во темно, под 25 ° С.

Да се ​​чува подалеку од дофатот на децата.

 

Направено во Холандија.  

ProBiotec® ZERO Line

Ова значи дека не се додадени никакви мириси и бои на производот.

ProBiotec ZERO% Line производите имаат целосно природно потекло.

Овие производи можете да ги најдете на нашата веб-страница

 

ProBiotec

Wijnkorenstraat 3

4706PM Roosendaal

Product from Holland