Симбио медик е ексклузивен застапник и увозник на палетата Пико која ги задоволува потребите на децата од најмала возраст
Сабота- Недела: затворено
+ (389) 02-3120012
simbiomedic@gmail.com

Related Posts

    Sorry, no posts matched your criteria.

Carnomed

Карнозин ЕКСТРА е комбинација од карнозин и други супстанции за подмладување . Истражувањата за составот на карозинот кои траеле со години се дел од астронаутската програма на руската Влада.Неговата улога не била само да ја засили здрствената состојба на астронаутите, туку и да го намали влијанието на космичкото зрачење и да ги подобри адаптационите механизми на стрес. Од настанувањето на првата рецептура на Карнозин ЕКСТРА поминати се веќе 15 години, а за тоа време многумина се увериле во неговите позитивни ефекти.

Карнозинот како природна супстанција се наоѓа во секоја клетка на човечкиот и животинскиот организам. Најголема концентрација на карнозинот се наоѓа во мозочните ќелии, во срцевиот мускул и во остантите мускулни клетки.

Во текот на истражувањата научниците дошле до сознанија дека нивото на карнозинот се намалува со текот на годините. Лабораториските истражувања покажуваат дека карнозинот  има голема способност да ги подмлади клетките, да го обнови нивниот изглед, да им го продолжи животот.Тоа е резултат на антиинфламаторни, антиоксидативни, антиалер-гиски и хелатни(врзување на тешки метали)својства на карнозинот.Карнозинот ЕКСТРА позитивно влијае на сите клетки, а благодарение на тоа и на с Од првите сознанија за карнозинот поминати се повеќе од 1000 години и напрвени се многу истражувања.

Денес постојат околу 2000 публикации на ПубМед ,кои се  занимаваат со позитивните влијанија на карнозинот на здравјето.Важно е да се каже дека карнозинот е потполно безбеден и до денес не се откриени нескакани ефекти.

Основното истражување и истражувањето на животните покажува дека карнозинот го намалува ризикот за појава на диjабетесот, а кај луѓето кои веќе боледуваат од оваа болест карнозинот може да ги спречи комликациите и да го подобри залечувањето на раните. Постојат и студии кои покажуваат дека карнозинот го намалува и ризикот за појава на инфаркт на срцето и мозочниот удар, го намалува оштетувањето на црниот дроб и бубрезите од различно потекло, а го намалува и ризикот за појава на некои видови малигни заболувања.

Квалитетно конципираните студии покажуваат дека карнозинот може да ги намали симптомите на депресија, Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест, деменцијата и шизофрнијата, а исто така да го намали и ризикот за појава на катаракта. Карнозинот ја подобрува еластичноста на кожата и со тоа го забавува настанувањето на брчките.

Карнозинот ЕКСТРА успешно се користи кај децата со спектар на аутистични болести и кај децата со оштетувања во развојот.

Со општите истражувања се дознало дека карнозинот ја подобрува кондицијата, силата на мускулите, ја неутрализира млечната киселина и ја зголемува издржливоста.

Состав

Употреба: Карнозинот Екстра е единствениот додаток во исхраната прооизведен во услови на висококвалитетно производство.Содржи витамини и билни состојки богати со полифенолини со изразена антиоксидативна активност.Карнозинот, како главна состојка, поволно делува на кардиоваскуларниот систем, ги штити клетките од стареење и ја подобрува физичката активност и кондиција.Се препорачува за вегетаријанци затоа што не содржи ниту една состојка од животинско потекло.

Л-карнозин 125 мг
Д-алфа токоферил сукцинат(Витамин Е) 20 мг
Л-карнитин 20 мг
Коензим Q10 20 мг
Екстракт од северна боровница 20 мг
Екстакт од семки од грозје 20 мг

 

Преглед

Компанијата КарноМед организизра прегледи од страна на светски признатиот специјалист по интерна медицина Михаил Кучер.

Преку едноставен преглед може да се види состојабта на регулаторните системи на телото и нивната взаемна динамичка рамнотежа.Целокупната дијагностика се прави со методот на анализа на варијабилитетите на срцевиот ритам и фунционирањето на регулаторните физиолошки функции во човечкото тело(ХРВ метод). Методот ни ги открива ризиците за појава на н Врз основа на резултатите на мерењето може објективно да се одреди способнооста на адаптација на нашиот организам и оптеретувањето на одредени регулаторни нивоа.Резултатите од мерењето овозможуваат да се направи индивидуален план на лечење, како и превенција.Стручното лекарско советување е составен дел од прегледот.

За децата и возрасните прегледот трае само 5 минуту и потполно е безболен. За тоа кратко време ги добиваме резултатите за Вашата здравствена состојба, инаку за која би биле потребни многубројни прегледи и анализи. Во современите држави ваквите прегледи стануваат дел од превентивните здраствени програми. Престанете да се грижите и дознајте ја комплетната слика за Вашето тело или за телото на Вашето дете.

Пред почеток на прегледот потребно е:

  • Да не се козумира кафе или храна мимимум 2 часа пред прегледот,
  • Да не пушат цигари 1 час пред прегледот,
  • Да не се вежба на денот на прегледот.

Треба да мирувате 15 минути во нашите чекалници пред почетокот на прегледот.

Состојки: колострум (од крава), стабилизатори хидроксипропилметилцелулоза и магнезиум стеарат, боја  титан-диоксид.

Намена на производот: Додаток во исхраната на база на активни состојки на колострум произведен на посебен начин на производство.

Резултатот е сув прав направен со замрзнување , со цел да се зачува поголема количина на есенцијални аминокиселини , имуноглобулини, витамини и минерали. Наменет е за одржување на нормална функција на имуниот систем.

Начин на употреба: Возрасни и деца постари од 12 години 2-3 капсули два пати на ден, деца со возраст 3-12 години 1-2 капсули два пати на ден. Препорачаната дневна доза не смее да се надмине. Додатоците во исхраната не можат да се користат како замена за разновидна исхрана. Препаратот не треба да го користат лица осетливи на било која состојка на препаратот, лица интолерантни на лактоза, млеко и млечни производи. Препаратот не треба го користат бремени жени, доилки и лица заболени од канцер на простата, бели дробови и колоректум. Можни се гастроинтестинални пречки по неговата употреба. Препаратот не се препорачува на мали деца.

Начин на чување: Да се чува на температура над  5 C, и под 20 C, на темно и суво место.

Да се чува вон дофат на деца.

 

 

КОЛОСТРУМ екстра

Додаток во исхрана

120 капсули

Нутритивна вредност на производот:

Нутритивна вредност                              во 1 капсула(г)                                            во 100г производ(г)

Протеини/белковини                                   0,43 г                                                            68,15 г

Јаглени хидрати                                             0,04 г                                                              5,9 г

Масти                                                           0,01 г                                                                1,9 г

Енергетска вредност                                 2 kcal/8,4 kj                                                 316,5 kcal/1329,15 kJ

Содржи: 120 капсули

Нето содржина во 1 капсула: 625 мг

Нето маса на цело пакување: 75 г

Најдобро да се употреби до: датата е втисната на дното на амбалажата.

Сериски број: втиснат на амбалажата

Број на уписот во регистарот на Министерство за здравство:

Производител: за Carnomed Радничка 14/2, Нови Сад Србија, произведува: Elephant Co d.o.o. Панчевачки пут 42-44, Београд

Произведено во во согласност со ISO 9001:2008 и HACCP систем

Увозник и дистрибутер: Симбио медик ДОО Скопје, ул. Интернационални бригади бр.4 Скопје

Тел. 023120012                  simbiomedic@gmail.com                                             www.simbiomedic.mk

Сулфорафан Екстра содржи 200мг активен Брокорафанин (Broccoraphanina) -иновативен рафинат од семето на брокулата (lat. Brassica oleracea italica), кој е стандардизиран на 9-11% глукорафанин и мирозиназа. Рафинатот се добива со суперкритична СО2 екстракција, со што се избегнува користење на било какви растворувачи и се добива прозивод со висока содржина на активни супстанци од природно потекло. Глукорафанин е фитохемикалија од која се настанува сулфорафан со помош на ензимот мирозиназа, чиј процес се случува во тенкото црево. Рафинатот е капсулиран во гастрорезистентна капсула, која ја штити активната супстанца од разградување во желудникот и овозможува нејзино ослободување и апсорпција.

Сулфорафан Екстра е развиен во соработка со проф. др. Катарина Хоракова, која прва го докажала неговиот антиканцероген потенцијал во 1968година. Подоцна е широко испитуван на Универзитетот Џон Хопкинс, САД. Сулфорафан моментално се испитува во голем број студии за широк апликативен спектар, а во текстот кој следи, ќе издвоиме неколку од нив. Сулфорафан е доста потентен стимулатор на Nrf2 сигналниот пат, со што игра значајна улога во заштита на клетките од оксидативен стрес и понатамошни клеточни оштетувања.

 

  1. Кај мажи кај кои е извршена простатотектомија при карцином на простатата (KP) со забележан раст на простата специфичен антиген (PSA), сулфорафанот довел до значително намалување на растот на PSA. Константен пораст на PSA е поврзан со лоша прогноза на KP.
  2. Кај жените со ER+ HER- карцином на дојка, препарат на база на сулфорафан довел до зголемување на антитуморски активности на ендокрината терапија и продолжена стабилизација на болеста. Бројни претклинички студии го докажале неговиот антиканцероген ефект на клетките на карцином на дојката, така што доведува до програмирана клеточна смрт (апоптоза) на туморските клетки.
  3. Кај деца со аутизам доведува до подобрување во однесувањето, вербалната комуникација и социјалната интеракција.
  4. Во претклиничка студија, деловите на брокулата богати со сулфорафан довеле до намалување на колонизација на Helicobacter pylori и намалување на воспалението кое настанало со оксидативен стрес.
  5. Кај ретка болест наречена Фридрајхова атакција, Nrf2 сигнализацијата е стишана, со што доаѓа до зголемување на оксидативниот стрес и нервни оштетувања кај овие пациенти. In vitroсулфорафанот доведува до зголемување на овој сигнален пат и невропротекција. Наши пациенти кои го земале Сулфорафан Екстра забележале подобрување во моторните движења како што се стабилен од и подобра координација на движењата, додека кај некои од нив имало и подобрување во вербалната комуникација.
  6. Нови студии покажуваат дека сулфорафанот доведува до заштита од штетното УВ зрачење, одржување на синтезата на колагенот и намалување на воспалението.
  7. Кај гојазни пациенти со дијабетес мелитус тип 2, сулфорафан доведува до подобрување на контролата на шеќерот во крвта, Body Mass Index (BMI) и гликозилиран хемоглобин (HbA1C) кои се значајни фактори кај овој тип дијабетес.
  8. Кај КОВИД–19 пациенти Nrf2 сигнализацијата е стишана, со што антиоксидативниот капацитет на пациентите е ослабен. Сулфорафан, како силен стимулатор на овој сигнален пат, е предложен како потенцијално терапевтско средство во јакнење на одбранбените способности против SARS-CoV-19.

Намена на производот: Додаток во исхраната на база на активни состојки од семето на брокулата – содржи глукорафанин кој во организмот се преведува во сулфорафан.

Начин на употреба: 1 капсула дневно за возрасни.

Препорачаната дневна доза не смее да се пречекори. Додатоците во исхраната не се користат како замена за разновидна храна. Препаратот не смеат да го користат лица пречувствителни на било која од состојките во препаратот. Препаратот не треба да го користат деца, трудници, доилки, лица со пореметување во работата на тироидната жлезда. Можни се благи гастроинтестинални тегоби.

Состав на производот: Активен Брокорафанин®, рафинат од семето на брокулата (Brassica oleracea italica) стандардизиран на 10% глукорафанин и активирана мирозиназа.

Количина во 1 капсула: 200mg

*Нутритивната референтна вредност не е дефинирана.

Состојки: Брокорафанин, средство за полнење микрокристална целулоза, средство против згрутчување магнезиум-стеарат, капсула (хидроксипропилметилцелулоза, средство за желирање гелан гума. Боја Е171)

Нето количина: 23,9g

Да се чува на суво и темно место. Да се чува вон дофат на деца.

Најдобро да се употреби до: датумот втиснат на дното на амбалажата.

Сериски број: втиснат на амбалажата.

Број на упис во регистарот на Министерството за здравје на РС: 15483/2019 од 25.11.2019

Произведувач: За Карномед д.о.о. 21000 Нови Сад,

Радничка 14/2, Србија

Произведува: Elephant d.o.o. Панчевачки пут 42-22 Белград, Србија

info@carnomed.rs

www.carnomed.rs

Увозник и дистрибутер:

Симбио медик ДОО Скопје

Ул. Интернационални бригади бр. 4

1000 Скопје

Намена на производот: Комплекс од биофлавоноиди за Вашиот имунитет. Содржи екстракт од печурката реиши кој допринесува на природните одбранбени сили на организмот и екстракт од семки од грозје кој им помага на клетките во одбрана од слободните радикали. Стимуно комплекс е единствен додаток на исхрана произведен во услови на висок квалитет на производство. Наменет е за поддршка на нормално функционирање на имуниот систем. Погоден е и за вегетаријанци, не содржи ни една состојка од животинско потекло.

Начин на употреба: Препорачаната дневна доза не смее да се пречекорува. Додатоците во исхраната не можат да се користат како замена на разновидна исхрана. Избалансирана и разновидна исхрана и здрав начин на живот се важни за здравјето.  Препаратот не треба да го користат лица осетливи на било која состојка на препаратот. Препаратот не треба да го користат бремени жени и доилки. Наменет е за возрасни лица и деца над 3 години. Пред употреба треба да се посоветувате со лекар или фармацевт.

Содржина на активни компоненти:

                                                                                        мг/ 1 капсула                                       г/100 мг

 Сув екстракт од печурка реиши                                               120                                               25,7

(Ganoderma lucidum) 80% бета глукан

Сув екстракт од плод на домат

(Solanum lycopersicum) 10% ликопен                                      75                                                   16,1

Бакарен комплекс од хлорофилин, сол од натриум          50                                                    10,7

Сув екстракт од цвет на невен

(Tagetes Erecta)  40% лутеин                                                       40                                                     8,6

Сув екстракт од семки од грозје

 (Vitis Vinifera)  95% проантоцијанидин                                   30                                                      6,4

Сув екстракт од плод од северна боровница

(Vaccinium uliginosum) (4:1)                                                         30                                                       6.4

CARNOMED

StIMUNO KOMPLEX

Додаток на исхрана

120 капсули

Состав: сув екстракт од печурката реиши и плод на домат, натриум-бакар-хлорофилин, сув екстракт од цвет на невен, семки од грозје, плод од северна боровница.

Стабилизатори: Микрокристална целулоза, магнезиум стеарат.

Капсула: стабилизатор хидроксипропилметилцелулоза, боја: Е171, карагенан, регулатор на киселост калиум –ацетат.

Нето количина : 56 г

Начин на употреба: 1 капсула  2 пати на ден.

Да се чува вон дофат на деца на температура до 25 степени, на темно и суво место. Најдобро да употреби до датум втиснат на дното на амбалажата.

Сериски број: втиснат на амбалажата

Производител: за Карномед   д.о.о. Радничка 14/2 , Нови Сад,

Произведува : Елефант КО доо , Панчевачки пут 42-44 , Белград

Произведено во согласност со ISO 9001:2008 и HACCP систем

Неверојатна приказана – сулфорафан и јас

Првобитно, никогаш овој дел од мојот живот не сум планирала да го опишам. Пред единаесет години судбината повторно си поигра со мене и ги оживеа моите одамна заборавени истраживачки активности. Дознав дека некој непознат, некој кој живее преку „големата бара“ пробува да дојде во контакт со мене. Освен преку неколку мои бивши колеги  од Катедралата на биохемија  и микробиологија, преку е- маил барал помош и од тогашниот декан на Факултетот за хемиска и прехрамбена технологија дел од Словачкиот технички универзитет во Братислава, проф.инж. Душан Бакош, ДрСц. И така на почетокот во мај 2009 година започна многу интензивна, на почеток таинствена кореспонденција помеѓу мене и др. Владимир Клушниченка.

Дознав дека до моето име дошол сосема случајно, така што според инструкциите на својот шеф, пробал да дознае кој прв објавувал статии за анти-туморски ефикасности на сулфорафан изотиоцијанат. Проверувал дали јас сум авторка на тие публикации. На почетокот на комуникацијата не сакаше да го наведе името на тој што се интересирал за мене и моите истражувачки трудови. Бев толку шокирана и изненадена од прашањата кои ми ги поставуваше, да воопшто не го доведов во прашање неговиот идентитет и на сите прашања му одговорив. Знаев дека во САД, во научните кругови, но и во широката лаичка јавност постои интересирање за овој изотиоцијанит, и тоа дека овој молекул воодушевува многу стручњаци со своите бројни лековити својства и превентивни дејства.

Авторка:

Проф. РНДр. Катарина Хоракова, ДрСц.

Како дојде до создавање на овој артикл?

Овој артикл се создаде првенствено по барање на др. Дарел Смит, од Caudill Seeds Co., САД, 2016 година, а авторката го дополни 2020, кога фирмата CarnoMed го воведе на пазарот Сулфорафан Екстра.

Што е Сулфорафан?

Не се работи за уште еден лек во низата или народен лек, се работи всушност за нутрацевтик. Сулфорафан е диетална хемопревентивна супстанца добиена од брокула. Супстанци, кои потекнуваат од храната, се нарекуваат нутрацевтици и обично се продаваат во аптеките како лекови. Имаат посебни бенефити при лечење.  Др. Стефан ДеФелис во 1989 година го направил спојот помеѓу „Nutrition“ и „Pharmaceutical“. Се покажало дека нутрицевтиците имаат физиолошка корист или пружаат заштита од хронични болести. Сулфорафанот се „крие“ во брокулата во вид на глукорафан. На природен начин, може и сами да го произведеме, со џвакање на сирова брокула, кога и се ослободува ензимот миозиназа. Брокулата, глукорафанот го хидролизира (метаболизира, менува) во нашето тело во негов метаболит сулфорафан и на тој начин овозможува користење на неговите бенефити. Сулфорафанот е еден од најчесто проучуваните изотиокинолански органски соединенија на сулфурот. До денес, научните истражувања ги откриле неговите неверојатни и многу бројни лековити својства, толку неверојатни што повеќе може да личи на реклама, отколку на реалност и факти. Повеќе ќе дознаете за Сулфорафан на следниот линк: Што е Сулфорафан?

„Изо-тио-цијанати“

Тоа било во период кога многу биолози, сосем погрешно, изотиоцијанатите (ИТЦ) ги сврстувале, што поради нивните дејства, што според нивните принципи на делување и токсичности помеѓу тиоцијанати, цијанати, дури и во групата на опасните отровни цијаниди. Тоа се рефлектирало на спремноста на некои научни списанија да објавуваат артикли за нив, што подоцна го почувствував и на сопствена кожа. Од друга страна, голем дел од светската научна заедница сметале дека изотиоцијанатите се антимикробни материи од природно потекло (фитоциди). Научната основа од оваа област, ја претставувале артикли на проф. А. Кјаера од Royal Veterinary and Agriculture College Copenhagen од Данска, со кого нашиот ИТЦ тим соработуваше. Тој ја има дадено деталната слика за структурата, како и тоа, каде во билките се наоѓаат глукозинолати од кои, со помош на хидролиза се создаваат ИТЦ, вклучувајќи го и сулфорафанот (Kjaer A.: Naturally Derived Isothiocyanates Mustard Oils and their Parent Glucosides. Springer Verlag, Wien 1960).

Со мислите се враќам во далечното минато: пред повеќе од пола век, во 1956 година, прв пат слушнав за постоење на ИТЦ на Хемискиот факултет во рамките на Словачката висока школа (денес Факултет за хемиска и прехрамбена технологија  при Словачкиот универзитет во Братислава) кај професор РНДр. Павел Немац, шеф на Катедрата за техничка микробиологија и биохемија. Во тоа време студирав на смер биологија и често го посетував во неговата лабораторија. Како и сите останати, и јас на почетокот имав проблем со изговарање на овие зборови, па во мислите стално повторував изо-тио-цијанати, се додека не успеав правилно и течно да го изговорам овој збор.

Мојата прва средба со изотиоцијанатите

Во директен контакт со изотиоцијанатите дојдов (тогаш како млад асистент на проф. Павел Немац)  во лабораторијата на проф.инж. Љубовит Дробниц, др.сци., кој оваа проблематика кај нас ја донесе после завршувањето на своите студии во Берн на Високата земјоделска школа. Во тој период (од 1956-1960) Љ. Дробниц барал погодни системи на микроорганизми, изградил методи за следење на влијанието на изотиоцијанатите и нивниот метаболизам ин витро. Огромна заслуга на проф, Љ. Дробниц е во тоа што разработил методи за одредување на механизмите на делување на изотиоцијанатите. Важна улога одиграа резултатите од неговите истражување за влијанието на серија изотиоцијанати на размножувањето и метаболизмот на квасецот, мувлите и бактериите и тие резултати беа подлога за развој и примена на некои од нив како хемотераписки лекови во хуманата и ветеринарната медицина.  Подетално за целиот истражувачки тим, кој постепено почна да етаблира, пишувам во артиклот „Истражување на изотиоцијанати на Катедрата за техничка микробиологија и биохемија“ кој е објавен во збир на предавања Традиција на научната школа на Факултетот за хемиска и прехрамбена технологија, 2010, 18-39 стр.

Освен работата со микроорганизмите, истражувачкиот тим ИТЦ имаше амбиција, освен истражувањата на одбрани моделни организми во истражувањето да вклучи и туморски клетки. Во овој контекст јас бев одбрана (поради мојата ерудиција во областа на биологија) и така се создаде мојот прв труд „Cancerostatic Action of Beta-Naphtylisothiocyanate“ (автори: П. Немец, Љ. Дровинц, K. Антош, П. Кристијан, A. Хулка и K. Хоракова) како прелиминарен извештај објавен во словачкиот онколошки весник Неоплазма на Словачката Академија на Науките, 1958год.

Зошто овој труд имаше толкаво влијание во онкологијата?

Прв пат се покажало дека изотиоцијанатите може да имаат не само антимикробно, туку и антитуморно дејство, и тоа на уште до тогаш  невиден начин. На молекулата на познатиот и многу канцерогениот бета-нафтиламин, научниците од нашиот тим, амино NH2 групата ја замениле со изотиоцијанатната NCS група. Така се создала бета-нафтилизотиоцијанат, кој значително го продолжил (дури до четри или пет пати повеќе во зависност од примената доза) животот на експерименталните глувчиња, на кои претходно им биле вбризгани туморни клетки од Ehrlich ascites carcinoma (EAC).

Истражување на антитуморското влијание на ИТЦ врз хумани клетки

После успешната одбрана на дипломската работа на проф. Павел Немец, кој иницирал и создавал услови за реализација на екпериментите, кои за цел имале борба против туморите, ми даде задача (тогаш веќе како негов асистент) и тоа не мала задача, да основам лабораторија за за култура на ткива. Во тоа време за култура на ткива и клетки се пишуваше само како фрагменти на храброст и во доменот на фантастиката, а кои се применуваа само на некои значајни места во светот и многу ретко кај нас, во тогашна Чехословачка. Овој пат, тој тргна на својата катедра.

Сакате да знаете повеќе за сулфорафан?

Не пропуштајте!

Уште не сте слушнале за ефектите на сулфорафан?

Научниците откриле неверојатни и многубројни лековити својсва, толку неверојатни да може да личи на реклама отколку на реалност и факти.

Овде ќе дознаете не само за дејствата на оваа диететска хемопротективна материја, туку и за неверојатната судбина за нејзиното настанување, како и за трнливиот пат за нејзиното откривање, па се до правње на лек од неа.

При откривање на сулфорафан, први биле словачките научници.

Тоа беше револуционерен чекор и се сеќавам, првата година од постоењето на лабораторијата бевме принудени, повеќе пати да ја браниме нејзината положба во рамките на истражувачката програма при катедрата на нашиот факултет. Не сакав неуспех, ниту сакав да разочарам некого, и така тргнав на тешко и буквално авантуристичко патување – во царството на одгледување на човечки и животински клетки. Во текот на праксата во неколку заводи во тогашна Чехословачка, во која веќе постоеа ваков тип на лаборатории, добив непроценливо знаење и практични искуства и се трудев да ги применам во нашите многу скромни услови.

На почеток, несебична помош  добив од незаборавната, на прв поглед строгата др. Наџа Валентова од Вирусолошкиот завод САВ во Братислава. После првите потешкотии со одржување на стерилни средини и стандардни услови за култивација на човечки туморни клетки ХеЛа, можев конечно да соопштам дека лабораторијата е спремна за користење за планираните експерименти. Тоа беше во периодот кога таканаречените алтернативни методи, во денешна смисла сфаќања, само почнале да се формираат и полека да се применуваат во областа на биологија, фармација, медицина или козметика. Нашата лабораторија беше прва во рамките на Чехословачка, на која систематски почнав да го  проучувам цитотоксичното дејство на новите биолошки активни соединенија од природно и синтетско потекло со цел да се пронајде лек, кој има антитуморски и антиоксидативни својства.

Зошто го пишувам сето ова? Каква врска има со Сулфорафанот?

Читачот ќе сфати одма, зошто беше потребен малку подолг вовед. На почеток, меѓу десетина тестирани изотиоцијанати (подоцна нивниот број достигна околу триста), беа неколку сулфоксиди од природно потекло, а еден од нив беше и сулфорафан. Првобитно планиравме овие резултати да ги објавиме во Cancer Research кој излегува во САД, во кој слични трудови се објавуваа постојано. Моравме да поминеме низ цела „тортура за одобрување“, која во тие комунистички времиња беше неопходна.

Со оглед на тоа дека компетентни работници не најдоа препорака, публикацијата ја пратив во редакцијата на именуваното списание. После долг временски период добив негативен одговор, со образложение дека изотиоцијанатите за нив не се од аголот на анти-туморни дејства интересна група на материи. Прво доживеав големо разочарување на мојот научен пат, бидејќи за мене тоа беше еден од најзначајните странски научни списанија, кое можев редовно да го следам бидејќи беше на располгање во Истражувачкиот онколошки завод (денешен Завод за експириментална онкологија) и точно ја искорситив методолгоијата за утврдување на цитостатско дејство, кои ја користат авторите на наведеното списание при тестрирање на различни супстанци. После одбивањето, одлучив со соработниците да објавиме серија во седум продолженија под името Cytotoxic and Cancerostatic Activity of Isothiocyanates and Related Compounds во онколошкото списание на Словачката академија на науките САВ Неоплазма.

Секако првиот артикл од серијалот го привлече вниманието на др. Вадим Клиушниченко, кој бил во потрага за првите студии поврзани со антитуморните ефекти на сулфарафанот. Таа потрага не била ни малку едноставна, и на др. Вадим Клиушниченко  му симнувам капа, што помеѓу структурните формули на природните изотиоцијанати наведени во табелата (објавено во публикација Activity of Some Naturally Occuring Isothiocyanates and their Synthetic Analogues on Hela-Cells, Neoplasma, 1968.), успеал да го дешифрира сулфорафанот.

Што произлезе од кореспонденцијата? Зошто беше толку шокантна?

На ова место ќе се вратам прво на кореспонденцијата со Вадим, а потоа и со другите.

Зошто оваа коресподенција ме изненади, и всушност ме шокираше? Па пресудете сами. Некој одеднаш почнува да се интересира за вашата некогашна истражувачка работа, сака да ја исправи вината и Ви нуди да учествувате во неговиот истражувачки проект. Ова ни најхрабриот сценарист на фантастични филмови не би го измислил. Но, да бидам покконкретна. Сопственикот на Caudill Seeds Company во САД (на почеток таинствена личност, која иницирала контакт со мене), на почеток брза размена на меилови, меѓу останатото сакаше да знае дали истражувачката група на проф. Паул Талалај од Johns Hopking School of Medicine v Baltimore, САД била во контакт  со нашата ИТЦ истражувачка група.

Понатаму го интересираше дали проф. Талалај дознал за моите трудови, кои се објавени 1960-1970 или во текот на 1990тите? Му било доста сомнително зошто проф. Талалај и неговиот тим, во публикациите што ги објавиле дваест или триесет години подоцна, никаде не не цитирал мене или моите соработници. Прво не ми беше јасно што сака да постигне со ова прашање. На крајот на краевите, тоа за нас беше стара, преживеана работа, која за жал се случува и ќе се случува во научните кругови, кога некој пронајдок ќе му се препише на друг, свесно или несвесно.

Зошто повторно да се враќаме на тоа?

За нашиот истражувачки тим, ова не беше ништо ново и ни беше смешно апсурдно. Не го разбравме ставот на проф. Талалај, кој за себе тврдеше и денес тврди (овие тврдења може да ги најдеме и на веб страните), дека он бил единствената личност која ги има изработено сите работи поврзани со ИТЦ и нивната терапевтска примена по цел свет ( понекогаш со напомена „во најмала рака во САД и Европа).

Америчките автори ги игнорираа публикациите на нашиот истражувачки тим

Веќе пред четврт век, кога тоа го дознавме бевме многу разочарани. Се трудевме да заборавиме на оваа неправда и не верувавме дека ќе се смени нешто по тоа прашање и покрај трудот на мојот колега доцент инж. Љубомир Флох PhD, уште во текот на 1992 година. Во тој период во рамките на соработката, тој беше кај проф. Реинхард Ниер од University of Neuschatel во Швајцарија. По враќањето дома, тој ми спомна, дека случајно во професорската библиотека нашол публикација, која во тој момент кај нас не беше достапна „A Major Inducer of Anticarcinogenic Protective Enzymes from Broccoli: Isolation and Elucidation of Structure (Zhang Y, Talalay P, Cho CG, Posner GH. Proc Natl Acad Sci USA. 1992 Mar 15; 89 (6): 2399-403). Тогаш Љубомир Флох му пиша меил на П. Талалај, каде го предупреди за фактот дека ги нема наведено моето име и името на проф. Дробниц во публикацијата за антитуморни активности на ИТЦ и во механизмот на нивното делување. Кога остана без одговор и на вториот меил, Флох тажно изјави:

„Сфатив дека не е заинтересиран. Веќе во тој период тој се сметаше за пронаоѓач на ИТЦ со антитуморски активности и евидентно не му се допаднало што му го спомнав твоето име и името на колегата Дробниц.“ уште додаде: „после неколку години воспоставив контакт преку е-маил со Жанг (првиот автор на публикацијата) кој во тој период му бил докторант и му покажав заинтересираност за соработка со нив. Соработката никогаш не беше реализирана, затоа што раковотството на катедрата го прекина моето истражување за ИТЦ бидејќи сметаа дека нема просперитет“.

100 ИТЦ пациенти и сертификати

На проф. Талалај не можеше да му биде изговор „челичната завеса“ позади која живеевме или „ембарго“ на информациите, како ни јазична ни бариерата со писма, што би претставувало проблем. Да извршеше детална претрага, сигурно би ги нашол моите артикли, кои нашиот тим ги имаше објавено на три јазици (англиски, германски и словачки) и во многу светски списанија. Освен тоа имаме и преку 100 ИТЦ пациенти и сертификати. Освен тоа, веќе во 1964 година го организиравме првиот, а во 1969 година вториот меѓународен симпозиум за ИТЦ во Смоленица, Швајцарија. Веќе во тоа време, наведените симпозуми покажуваа дека имало многу научници од многу држави кои биле вклучени во ИТЦ истражувањата и тоа во Данска, Шведска, Италија, Полска, Индија, Јапонија, па дури и една личност од САД. На тој список името на проф. Талалај го нема.

Во период од 1974 до 1975 година проф. Корвин Ханч од Помона Колеџ во Калифорнија организираше за нашиот проф. Љ. Дробниц, во текот на неговиот престој во САД, турнеа на предавања на отприлика десетина универзитети на кои зборуваше за неговите резултати за ИТЦ. Исто така постои и книга „The Chemistry of Cyanates and their Thio Derivatives – Part 2“ (edited by Saul Patai, Chichester -New York – Brisbane – Toronto, John Wiley & Sons, Inc.), која излегла од печат во 1977 година и има 1319 страни. Насловот на последното поглавје 22, од стр. 1003 до 1221 е "The Chemistry of the– NCS Group”, и во неа се цитирани моите колеги Љ. Дробниц, П. Кристијан и Ј. Аугустин, кои беа членови на нашиот истражувачки тим. Во оваа книга може да се најдат многу детали и факти кои покажуваат дека проф. Талалај никогаш не бил прв и единствен во откирвање на ИТЦ и неговите примени во терапевтскиот свет. Во ова поглавје има долг список на истражувачи кои работеле на ИТЦ истражувањата. На страниците од 1187 до 1199 во поглавјето “Biochemically Important Reactions of ITC”, Љ. Дробниц ги сумирал сите знаења објавени до тој момент, за механизмот на делување на  ИТЦ – тоа се веќе резултати до кои дојде нашиот истражувачки тим. На ова поглавје му го свртев вниманието на др. Владим Клиушниченко,дека тука може да најде позитивен одговор на прашањето кое ми го постави: „Ме интересира дали Вие или Вашите колеги сте публикувале артикли за улогата на ИТЦ на активноста на ензимите во фаза 2, во улога ИТЦ да уништува канцерогени или да ги детоксифицира клетките“.

Прв личен контакт со американскиот научник

После овие основни комуникации, штафетата за комуникација ја презеде др. Кен Ашартц, директор на издавачкиот центар на Caudill Seed Company, кој со своите предлози и констатации продолжи да ме изненадува и шокира.. Како прво, ме извести за фактот дека постојат три додатоци во исхраната, која ги развила една фирма, а кои содржат сулфорафан гликозинолат од брокула, односно масло од брокула и додаде, го цитирам неговиеот е-маил: „Се обложувам дека не знаевте дека сите овие производи може да потекнуваат од Вашата публикација од 1968 година. Имаме голема шанса пред нас и би сакал да знам дали сте заинтересирани да учествувате во нашата програма“.

Не може те ни да замислите колку сум била изненадена, шокирана и трогната и се уште не можам да поверувам дека некој од странство го смета моето истражување за сулфорафан, не само интересно, туку и инспиративно. Дури и наводно сум ги поттикнала на огромна работа, кои истражувачите од Caudill Seed Company ја извршиле, како  ова „сестрано“ соединение – сулфорафан од истражувачките лаборатории би го пренеле во реалниот живот, како многу корисно средство за заштита на човековото здравје. Тогаш на Кен му пишав: „Тоа беше толку одамна! Со Вашето писмо во моите мисли оживеавте долку спомени, кои е невозможно да се заборават. Ги свртев сите случувања како на филм. За мене тоа е сега неверојатно чувство, да индиректно сум дала придонес во толку голема работа“.

Сулфорафан – единствена молекула која ни ја дала природата

Многу години работев во лабораторија и голем дел од времето посветив на истражувањето на ИТЦ. Моја цел беше да го откријам нивниот фантастичен потенцијал, кои во себе некои од нив го криеа, како и тие потенцијали да ги искористам за здравјето на луѓето. Но, за жал немав услови да ги реализирам тие идеи и сите сознанија од експериментите да ги применам во пракса. Никогаш, дури ни во сон не сум мислела дека некогаш во животот ќе имам прилика да поддржам вака големи проекти, какви сега Дан Каудил, син на основачот на фирмата Caudill Seed Company, ми нуди. Се работи за уникатна молекула, која природата му го дала на човештвото. Во врска со тоа бев многу среќна поради својата улога во овој проект, кој имаше за цела да ја зголеми свесноста за изотиоцијанатите и фитохемикалиите и воопшто да укаже на нивниот потенцијал на купувачите и оние на кои работеле на развојот на производот. Оваа мисија и понатаму ја обавувам, не само во кругот на научниците и студентите, туку и со помош на моите артикли, предавања и книги кои се упатени кон широката јавност.

Но, не само тоа. Дел од истражувањата требаше да биде рализиран кај нас во Словачка. Во текот на реализацијата во голема мера ми излезе во пресрет РНДр. Јан Седел, др.сци. кој во тоа време беше директор на Заводот за експириментална онкологија САВ, со кого со години блиску соработувавме во рамките на истражувањата на ИТЦ, уште за време на мојот активен ангажман на факултетот.  Подоцна и Кен го запознав лично, за време на неговата посета во Словачка, кога во октомври 2009 година, со своето предавање за сулфорафан, заедно со проф. Крист Ван Малдерен од Белгија, учествуваа на симпозиумот Natural Compounds in Cancer Prevention and Treatment во местото Смолениц. Симпозиумот го органзиираше Заводот за експириментална онкологија САВ и неговиот прв дел беше посветен на истражувањето на ИТЦ во Словачка.

После разменувањето на неколку меилови откако тој се врати дома, и полсе прецизирањето на нашите активност, Кен го снема. Не знаевме зошто.

Второ лично сретнување со американскиот научник

После паузата од неколку години, кога ја проверував мојата електронска пошта, во прв момент не обрнав внимание на непознатиот испраќач, зошто мислев дека пак се работи за понуда за купување на некоја стока. Пред да го избришам, го отворив и прочитав и не им верував на споствените очи. Во предметот на меилот стоеше: Др. Хоракова и Истражување за Брокулата, а во текстот пишуваше: Пробав да стапам во контакт со Борис во Ваше име, но утврдив дека тоа не е можно со адресата што ја имам. Ве молам, кога ќе го прочитате овој меил, да ми се јавите што е можно побрзо. Овде сме многу нестрпливи да се запознаеме со Вас и веруваме дека наскоро ќе имаме прилика да Ве посетиме. Се надевам дека моите редови ќе Ве најдат во добро здравје и во добра душевна состојба и однапред се радувам за вестите од Вас. Срдечно Ве поздравувам, Ваш Joseph A. Lyons, Caudill Seed Company, PlantWise biostimulant Co. CS Health.

Од приложениот меил, кој бил адресиран на мојот син Борис Хораков, дознав дека Кен повеќе не работи во фирмата, односно не работи откако го прекина и контактот со нас. Но, дека сакаат да го обноват контактот со нас. Овде мора да нагласам дека го замолив мојот син да биде и мој менаџер. Затоа и комуникацијата одеше преку него. Откако се согласив да се сретнеме, се се одигра многу брзо. За десетина дена се запознавме со нивниот истражувач др. Дарел Смит на работен состанок во хотелот Карлтон. По кратко запознавање, на телефон се јави и Дан Каудил од САД и со него разменивме неколку реченици. Бидејќи не знаевме што се очекува од мене, а и поради претходните искуства, разговорите беа резервирани. Но, и покрај се, го кажав тоа што го чувствував во длабочините на мојата душа: „повторно успеавте пријатно да ме изненадите, убаво од вас што и понатаму мислите на мене..“.

Откако не известија за причините за прекинот на комуникацијата, целиот разговор со Дарен беше многу пријателски. Го интересираше цела моја историја поврзана со сулфорафан. Во принцип, сакаше да дознае, заедно со сопственикот, дали сакам да ја продолжам соработката со нив, таму каде што пред 7 години прекинавме. Не ја криеа радоста кога прифатив. Дарел ме замоли да ја напишам мојата приказна (која моментално ја читате) за сулфорафан.

Екстракт од брокула кој содржи глукорафан и ензим мирозиназа

Во меѓувреме, на наша иницијатива, развија единствен производ, кој никој ништо не може да му прирече. Дарел успеал да го смести екстрактот од брокула во една капсула, кој содржи глукорафан и ензим мирозиназа, а кој е неопходен за ослободување на сулфорафан од екстрактот. Внимателно го слушав кога зборуваше за тоа, како функционира во пракса, и на крај не можев да се воздржам и со воодушевување гласно го фалев за неговиот успех.

Уште при разговорите со Кен, јас и Јан Седлак, му замеривме што екстрактот не го содржи ензимот мирозиназа, кој е неопходен да се додаде, бидејќи човековиот организам не е способен да го синтетизира. Тогаш Кен ни даде две опции, како сулфорафанот доаѓа во нашиот организам индиректно. На нас биолозите тогаш не ни се допаѓаше што се потпира на цревната микрофлора, за која се знае дека некои микроорганизми кои се наоѓаат во цревата на човекот може да го ослободат врзаниот сулфорафан од додатокот во исхраната. Научниците откриле друг можен начин  како нашето тело да добие сулфорафан и тоа со помош на ензимот глутатион Ѕ-трансфераза, кој го има доволно во нашето тело, но во ниеден сличај тој пат не е директен, како што природата го „измислила“… и бевме во право! Како што и понатамошните испитувања покажаа дека искористувањето на сулфорафан не е можно без ензимот мирозиназа. Денес во клиничките студии се користи екстракт од брокула ссо единствено со ензимот мирозиназа.

Не беше ни малку едноставно да се реши овој проблем. Најпрво мораше да се смисли начин како на одреден период да се блокира активноста на ензимот мирозиназа, додека капсулата не дојде до одредено место во нашето тело, поточно до тенкото црево. Најверојатно, поради таа причина, поголемиот дел од фирми кои се занимаваат со вакво производство, не успеале да го решат проблемот. Затоа е драгоцено што истражувачите од  Caudill Seed Company (Richard C. Sullivan, Joseph A. Lyons Sanford, D. Caudill а Kean Ashurst), успеале да го решат проблемот. Деталите за ова успеав да ги дознаам од патентите во литературата под назив „Spray Dried Myrosinase and Use to Produce Isothiocynates“, која ја објавиле во 2012 година.

Зошто се согласив на соработка?

Се сетив што ми пиша пред многу години доцент Љ.Флох, кога се запозна со содржината на комуникацијата: „Со големо задоволство се присетувам на твојот допринос во ИТЦ истражувањето и се надевам дека со твое посретство и посретство на другите соработници, ќе го најде својот пат до западната научна заедница, која многу години го игнорираше трудот на Дробиц и твојот труд. Прекрасно е чувството што некој го открил.“ Каков сушност се остварува изјавата на Ден Каудил: „Инспириравте многу добринаучници, но некои заборавија да ви одадат признание. Сега е Ваш ред да добиете признаение. Времето се ќе покаже!“.

Отогаш поминаа неколку години. Очигледно е дека податоците за истражување на сулфорафанот и воопшто за изотиоцијанатите, направени кај нас, нашле пат до американските научници, бидејќи во најновите публикации формулацијата е изменета. Веќе не се користи формулацијата „од објавување“, туку „од поновото објавување 1992год.“, но до сега не сум сретнала цитат на некој од нашите трудови, кои ги има објавено нашиот тим.

По трет пат – неочекуван успешен крај

Неверојатно е како сулфорафанот ме најде повторно! Во септември 2018 година, на работен состанок, др. Габриел Микс од КарноМед, ме праша: „Дали знаете за Сулфорафан?“. Не можев да поверувам на сопствените уши. Со раширени очи, изненадено го прашав: зошто се интересира за сулфорафан? Потоа почнав да се смеам. Ми упати поглед полн со прашања. Му ја обајснив накратко мојата врска со сулфорафан. Др. Габрел Микс беше изненаден и веднаш ја сфати мојата реакција.

Го интересираше моето мислење за сулфорафан, бидејќи како фирма работеа на проширување на својата палета на производи. И тогаш неочекувано ме праша: „Како го доживувате овој производ, дали би прифатиле соработка со нас?“ Без многу размислување одговорв: „прифаќам соработка, но имам два услова – изворот на сулфорафан мора да се добие од брокулата или од нејзиното семе, никако синтетички и а другиот услов е дека мора да се задржи ензимот мирозиназа.“

Овој разговор го водевме во период кога научниците во специјализирани лаборатории успеаа да ја распознаат патофизиологијата на аутизмот (асд) со давање на сулфорафан. Се работеше за голем напредок во пристапот на решението на оваа проблематика, поради што голем број клинички студии и лекови наведени до тогаш имаа за цел да ги ограничи само непријатните симптоми на АСД. Поради тоа следењето на клиничките основни карактеристики, истовремено се пратени основните биохемиски абнормалности кај АСД, како што е оксидативниот стрес, зголемена осетливост на електрофилната токсичност и воспаленија во текот на давањето на сулфорафан. Клиничките студии кои следуваа, недвосмилсено го потврдија и проширија знаењето за терапевтскиот спектар на сулфорафанот и тоа кај деца со аутизам. Тоа е проблематика со која фирмата КарноМед се занимава со години и постигнале задоволувачки подобрување кај АСД деца со помош на користењето на Л-карнозин.

Карнозин и Сулфорафан

За време на барањето на нови податоци за аутизмот, во фирмата КарноМед стапиле во контакт со многу успешна Словакиња, жена од Братислава, која живее во Австралија, проф. МУДр. Барбора Де Кортен, др.сци. Monach University во Мелбурн, која им препорачала своето внимание освен на карнозин, да го насочат и на сулфорафан.

Тоа не не изненадува што во КарноМед се интересираа за сулфорафан, кој како што покажуваат последните опсервации претставува голема надеж за трајно подобрување на здравствената состојба макар само кај некои облици на АСД кај децата. Со оглед на фактот дека сулфорафан кај нас е недостапен, фирмата КарноМед одлучила да произведе свој производ за сулфорафан. Тимот на истражувачи и работници кои работат на производот, инвазивно тргнал за изработка на производот. Со воодушевување ја прифатив понудата да учествувам во овој процес.

Не очекував дека мојата приказна со сулфорафан ќе може да ја завршам со волку позитивен крај. Во почетокот на фебруари 2020 година, др. Габриел Микс, со гордост и голема радост ми јави дека производот е завршен и дека добиле одобрување за негова дистрибуција во Словачка.

Многу сум среќна што може да константирам:

„Да, учествував во равој на врвен додаток во исхраната Сулфорафан Екстра. Верувам и убедена сум дека со своите лековити својства ќе го врати здравјето на сите кои веруваат во тој производ.“

Што да се додаде за крај?

Не е важно кој прв го изолирал или ги открил антитуморните лековити ефекти на сулфорафанот, важно е тоа што оваа мала молекула до денес дава помошна рака, излекува или ќе спаси нечиј живот. Чест ми е што имав можност пред повеќе од пола век да бидам дел од талентираниот пионирски истражувачки тим ИТЦ и што присуствував на откирвање на сулфорафанот и неговиот антитуморски ефект.

Многу ме радува што судбината ми овозможи долги години да го следам напорното научно работење на научниците кои чекор по чекор откривале тајни кои сулфорафанот ги има во себе, но од кои дел и понатаму ги крие.

Откако во истражувачките лаборатории е потврдено, а и денес сме сведоци на тоа, сулфорафанот помага кај деца со аутизам. Овие нови откривања потврдуваат дека сулфорафанот има заслужено место во центарот на вниманието и интересирањето на научниците и клиничките работници. Благодарејќи на својот лековит потенцијал, без несакани нус појави, сулфорафанот припаѓа на ретките природни супстанци кој бил предмет на толку клинички студии, какви се бараат кога се воведува нов лек.

Сулфорафанот има и антивирусни дејаства

Зајакнување против вирусни одбрамбени реакции на домаќинот против вирусите со помош на додатокот на исхраната, би претставувало антивирусна стратегија во борба против грипот. Ларет Милер и колективот (2016) докажале дека краткотрајно користење на брокула, која содржи сулфорафан, го зголемува антивирусниот одговор на организмот и го елиминира грипот така што ја зголемува литичката активност на клетките, ги убива НК клетките.

PLoS One. 2016; 11(1): e0147742.

Published online 2016 Jan 28. doi: 10.1371/journal.pone.0147742

Effect of Broccoli Sprouts and Live Attenuated Influenza Virus on Peripheral Blood Natural Killer Cells: A

Randomized, Double-Blind Study Loretta Müller, Megan Meyer, Rebecca N. Bauer, Haibo Zhou, Hongtao

Zhang, Shannon Jones, Carole Robinette, Terry L. Noah and Ilona Jaspers.

Ин витро студии покажале, да сулфорафан учествува во борба против вируси, ХИВ, хепатитис, вирус Epstein Barr.

PLoS One. 2016; 11(3): e0152236.

Published online 2016 Mar 29. doi: 10.1371/journal.pone.0152236

Sulforaphane Suppresses Hepatitis C Virus Replication by Up-Regulating Heme Oxygenase-1 Expression

through PI3K/Nrf2 Pathway

Jung-Sheng Yu, Wei-Chun Chen, Chin-Kai Tseng, Chun-Kuang Lin, Yao-Chin Hsu, Yen-Hsu Chen and Jin-

Ching Lee.