Детали за производот

Zinc-vitaminska (Цинквитаминска) маст 50 гр

220,00ден

Карактеристики на Zinc-vitaminska mast

  • регенеративна
  • aдсорбентно-aдстрингентна
  • нутритивна, емолиентна и протективна
  • ги ублажува симптомите на инфламаторните процеси на кожата и слузокожата
  • ја подобрува гранулацијата

 

Категорија

Сподели

Опис

Карактеристики на Zinc-vitaminska mast

  • регенеративна
  • aдсорбентно-aдстрингентна
  • нутритивна, емолиентна и протективна
  • ги ублажува симптомите на инфламаторните процеси на кожата и слузокожата
  • ја подобрува гранулацијата

 

Клучни состојки на Zinc-vitaminska mast

  • Масло од јаглика (Oenothera biennis oleum)
  • Рибино масло (Jecoris oleum)
  • Витамин Е ацетат (Tocopherolis acetas)
  • Цинк-оксид (Zinci oxydum)
  • Титан-диоксид (Titanii dioxydum )
  • Етерично масло од бергамот (Bergamotte aetheroleum)

 

 Масло од јаглика (Oenothera biennis oleum)  традиционално Индијанците во Јужна Амаерика го користеле во лекувањето на кожни заболувања и рани. Во 17 век во англиската литература е спомнувано како  УНИВЕРЗАЛЕН КРАЛСКИ ЛЕК. Од триесетите години на минатиот век влегува во состав на препарати за лекување на егземи и сува кожа.

Маслото од јаглика, покрај останатото, содржи 75% линолна и 9% гама-линоленска киселина, па ова масло се смета за најбогат извор на есенцијални масни киселини (познати и како витамин Ф).

 

Рибино масло (Jecoris oleum) природен емолиент, содржи висок процент моно и поли-незаситени есенцијални масни киселини – омега 3,  меѓу кои се најзначајни DHA и EPA, која ја намалува продукцијата на себумот и дава силно антиинфламаторно делување.

Природен е извор на есенцијалните витамини А и Д3 нeoпходни за забрзан метаболизам , епителизација и регенерација на кожата. Го подобрува статусот на сува, груба кожа и ја поттикнува нејзината хидратација.

 

Витамин E aцетат (Tocopherolis acetas) e најпознат антиоксиданс кој ги штити клеточните мембрани од штетното дејство на слободните радикали, ја зголемува влажноста на површинскиот слој на кожата и неговиот капацитет за врзување на водата.

 

Цинкоксид (Zinci oxydum)  e ефикасен адсорбент и адстригент, затоа има значителна улога во процесите на зараснување и епителизација на оштетената кожа. Брзо го отстранува црвенилото, ја намалува иритацијата на кожата и ефикасно ја смирува кожата.

 

Tитандиоксид (Titanii dioxydum) e природен бисерен пигмент, кој создава заштитен филм на површината на кожата и ја забрзува епителизацијата. Делувајќи синергистички со цинк-оксидот, најпопуларен е физички UV-филтер, ја штити кожата од штетното дејство на сонцето и други изгореници.

Eтерично масло од бергамото (Bergamotte aetheroleum)  содржи лимонен, линалилацетат, линалоол и γ-терпинен .

Дејствува антисептично и стимулативно. Ги ублажува смптомите на воспаленија на гнојни акни, егземи, псоријаза, херпеси, убоди на инсекти и болки во мускулите.

 

Кога се применува  Zinc-vitaminska mast?

Во секој дом е маст одпрва помошза надворешна употреба!

Наменета е за:  смирување на кожа со акни, осетлива кожа, декубитуси, изгореници, гребнатинки, црвенила на кожата, убоди, чешање и по интензивно сончање.

 

Како се применува Zinc-vitaminska mast ?

 

Маста се нанесува исклучително надворешно на чиста и дезинфицирана кожа  ! Да не се нанесува маста на отворени рани!

Oтварање на тубата и апликација на маста: за Ваша сигурност маста во металната туба е херметички затворена. Извадете го затворачот на тубата, свртете го спротивно и со неговиот продолжеток отворете ја тубата.Тоа изведете го пополека без силен притисок на телото на тубата, бидејќи содржината на маста може одеднаш да излезе. Потоа пополека истиснете ја саканата количина на маста и нанесете ја директно на променетото подрачје. Со бавни движења на врвовите на прстите рамномерно размачкајте ја.

Забелешка: Да се чува вон дофат на деца!

                   По директен контакт на маста со раце, рацете добро да се измијат.

Маста може да ја обои гардеробата!

Да се избегне директен контакт на маста со очи! Доколку дојде до контакт, измијте ги очите со вода и млак чај од камилица. Доколку црвенилото трае подолго, обратете се на лекар.

 

Рок на употреба на Zinc- vitaminska mast?

Две години од датумот на производство. Број на серијата и рок на траење погледнете на амбалажата.

Како да ја чувате Zinc- vitaminska mast?

 На темпертура до 25 ⁰ C.

 

Како изгледа оригинално пакување на Zinc- vitaminskа mast?

Mетална туба од 50 g маст во картонска кутија.