Ве замолуваме да го прочитате следниов текст внимателно! Секое ваше користење на интернет страната Симбио Медик доо Скопје и купувањето на производи или услуги воедно значат дека се согласувате со следниве услови за користење и истите имаат сила на обврзувачки договор склучен помеѓу вас и Симбио Медик доо Скопје!
Симбио Медик доо Скопје е увизник и дистрибутер на додатоци во исхраната и гранични производи.
.
Општи услови
- Симбио Медик доо Скопје може да промени или повлече било кој дел од simbomedic.mk интернет страната, или може да одбие пристап до страната во било кое време доколку смета дека е неопходно.
2.Симбио Медик доо Скопје исто така може да го раскине овој договор и веднаш да прекине, одложи или да забрани пристап до Симбио Медик доо Скопје интернет страната во случај на било какво непочитување на овие услови за користење.
3.Симбио Медик доо Скопје делува во свое име и за своја сметка, а не во ваше или име на трети лица.
4.Доколку Симбио Медик доо Скопје не применува било кој услов од овој договор, тоа нема да значи дека истиот постојано нема да се применува.
5.Во случај било кој дел од овие услови за користење се покаже како неприменлив, тој дел колку што е можно ќе се толкува на начин да ги одразува намерите на договорните страни, а останатите делови ќе се применуваат во целост.
6.Овие услови за користење го сочинуваат целиот договор помеѓу вас и Симбио Медик доо Скопје и истите може да се променат само во писмена форма. Истите исклучуваат секакви други услови или околности.
7.Користењето на Симбио Медик доо Скопје и овие услови за користење се под надлежност на судовите на Република Македонија и македонското законодавство.
Купување од Симбио Медик доо Скопје
1.Кога правите нарачка на www.simbiomedic.mk вие се согласувате производот што сте го одбрале да го платите по цената што е означена за тој производ на интернет страната, а што е предмет на овие услови за користење.
2.Кога ќе ја завршите нарачката, ќе добиете потврда на е-маил дека вашата нарачка успешно е примена. Оваа потврда на нарачката се генерира автоматски, со цел вие да имате потврда дека вашата нарачка е примена.
3.Некои производи можат да бидат отстранети од продажба во било кое време без претходна најава. Доколку одредена нарачка не е доставена на корисникот или производот повеќе не е на залиха, а корисникот веќе ја извршил уплатата, Симбио Медик доо Скопје целосно ќе ги рефундира средствата уплатени од корисникот, или на неговата сметка ќе додаде соодветен број на наградни поени со претходна согласност на корисникот.
4.Секоја нова нарачка се смета за посебна од претходните и се третира индивидуално.
Цени
1.Цената за секој производ е прикажана на интернет страната Симбио Медик доо Скопје и е со вклучен ДДВ.
2.Ние секогаш настојуваме цените кои се прикажани на интернет страницата да бидат точни, меѓутоа не исклучуваме можност за појава на грешки.
3.Сите цени се изразени во денари.
Плаќање
Опцијата плаќање ќе ви биде достапна само во случај кога количините од нарачката ќе ги има на залиха, во спротивно може да не контактирате за достапноста на производот.
Плаќањето можете да го направите на три начина, преку избор на видот на плаќање и тоа:
– Cpay (платежна картичка MasterCard, Visa) – од нашата страница ќе бидете пренасочени на сигурната страница на Casys каде ќе можете безбедно да го извршите вашето плаќање.
– Банкарски Трансфер – по испраќање на вашата нарачка ќе добиете профактура со сите потребни детали за плаќање преку банка.
Доколку плаќате преку e-banking, во интерес на времето можна опција е да ни испратите потврда од банката за вашето плаќање, во спротивно ќе чекаме банката да го направи истото, па потоа да започне процесот на испорака. Вие мора во целост да ја платите вашата нарачка пред производот да ви биде испорачан. Тоа можете да го сторите плаќајќи со дебитна или кредитна картичка или преку уплата во банка. Кога плаќањето се врши со кредитна или дебитна картичка, го задржуваме правото, доколку од околностите истото произлезе, да извршиме дополнителни сигурносни проверки, со цел утврдување на тоа дека лицето кое ја врши уплатата со картичката е навистина сопственикот на истата.
Сите детали за нарачката и фактурите ќе бидат пратени на е-маил адресата на корисникот.
Достапност
1.Настојуваме да ја одржуваме Симбио Медик доо Скопје интернет страната колку што е можно постојано ажурирана, но не гарантираме дека одреден производ секогаш ќе биде достапен. Доколку не сме во состојба да испорачаме одреден производ, а истиот веќе ви е наплатен, од наша страна ќе ви биде рефундиран целосно уплатениот износ на вашата сметка или ќе добиете на вашата корисничка сметка на Симбио Медик доо Скопје соодветен број на наградни поени со ваша претходна согласност.
2.Сите производи се достапни се додека ги имаме на залиха. Доколку не сме во состојба да ви испорачаме производ кој сте го нарачале, ќе ве известиме во најбрз можен рок по добивањето на вашата нарачка. Доколку е ова случај, вие може да ја откажете вашата нарачка и уплатениот износ ќе ви биде вратен во најбрз можен рок.
- Производите во рубриката “Нарачки по желба” поради нивната екслузивност, не се секогаш достапни на залиха и може да се добијат единствено преку претходна нарачка и уплата на нивната цена. Процедурата за нивна достава бидејќи е покомплицирана, може да трае и повеќе од 30 денови, што се договара со купувачот.
Испорака
- Испораката на сите производи на целата територија на Република Македонија се според определен тарифник за достава (види информации за достава)
- Со цел вашите нарачки да стигнат безбедно и навремено, Симбио Медик доо Скопје соработува со повеќе лиценцирани компании за испорака на пратки на територијата на целата држава.
- Испораката на производите во градот Скопје[1] се извршува во наредни 3 дена, а најмногу во рок од 7 работни дена по добиена потврда од банката за извршено успешно плаќање.
- Испораката на производите до останатите градови во Р.М. се извршува во рок од најмногу 7 работни дена по добиена потврда од банката за извршено успешно плаќање.
- Испораката на производите од рубриката “Нарачки по желба” поради нивната екслузивност, може да трае и повеќе од 30 денови, по добиена потврда од банката за извршено успешно плаќање.
- Во роковите не се засметуваат: недела, празници или други неработни денови, времето на доцнење поради неточна или непотполна адреса и времето на доцнење поради виша сила или околности за кои Симбио Медик доо Скопје не одговара.
- Производите ќе бидат испорачани на адресата на лицето кое вие сте го навеле како примач, а потврда за наплатата и фактура за купените производи ќе добиете по електронски пат на e-mail адресата на купувачот која вие сте ја навеле.
- Доколку претставникот за испорака не успее да го најде примачот на наведената адреса за испорака, на наведената адреса за испорака ќе биде оставена писмена информација за направениот обид со контакт информации од испорачувачот и ќе биде направен повторен обид примачот или купувачот да бидат контактирани со употреба на податоците кои се оставени при правењето на нарачката.
- Ќе ги направиме сите напори за направената нарачка да биде доставена во посочените временски интервали во овие услови за користење, но нема да одговараме за било каква загуба која може да ја претрпите како резултат на задоцнета испорака.
- Ве молиме нарачките да ги правите во разумен рок со цел да се спречи било каква загуба како резултат на времето на испораката, бидејќи Симбио Медик доо Скопје нема да биде одговорен за истата.
Работно Време
1.Интернет продавницата работи 24 часа секој ден во неделата, но доставата на производите не може да се направи во саботите и неделите и за државните празници.
2.Сите нарачки направени во недела или за време на државните празници, ќе се третираат како да се направени првиот следен работен ден, од кога ќе почнат да течат и роковите за достава.
Политика за приватност
1.Симбио Медик доо Скопје се обврзува да ја заштити вашата приватност, како и податоците добиени за вас во согласност со оваа политика за приватност.
2.Симбио Медик доо Скопје, според прописите за заштита на личните податоци обезбедува тајност и заштита на личните податоци од корисниците кои се регистрираат на веб страната и ги користи исклучиво за интерна употреба. Овие податоци не се достапни до трети лица. Тие нема да бидат продадени, споделени или изнајмени на трети лица во било каков облик. Вие можете во секој момент да пристапите и да ги промените вашите лични податоци оставени на Симбио Медик доо Скопје со избирање на линкот Моја Сметка.
3.Не е потребна регистрација за да се разгледуваат производите на оваа веб страница. Регистрацијата е неопходна само при комплетирање на наплатата и тогаш од купувачите се бара да ги внесат следниве податоци: име, презиме, е-mail адреса, корисничко име, лозинка и телефонски број, со цел да се олесни комуникацијата при доставата. Лозинката која корисникот ја избира при својата регистрација се чува шифрирана во базата на податоци и како таква не може да биде прочитана ниту од вработените на Симбио Медик доо Скопје.
4.Симбио Медик доо Скопје нуди опција одреден производ да го препорачате – споделите со пријател преку страниците на повеќе социјални мрежи. Кај некоја од овие опции можеби ќе биде потребно да ги внесете името, презимето и e-mail адресата од пријателот. Личните податоци на вашиот пријател нема да бидат продадени или споделени со трета страна, но може да биде додаден на листата за добивање информација од нас за новите производи, услуги или промоции за кои сметаме дека може да бидат од заеднички интерес. Вашиот пријател во секое време може да испрати е-mail за отстранување од оваа листа.
5.Доколку одлучите да ја користите опцијата за оставање на коментар треба да знаете дека сите лични податоци оставени таму се јавни и можат да бидат прочитани од други. Симбио Медик доо Скопје не е одговорен за приватноста на личните податоци оставени на овој начин.
6.При процесот на наплата Симбио Медик доо Скопје ги бара следниве податоци од купувачот: контакт информации и адреса за испорака. Овие податоци се користат за евиденција на нарачките, навремена испорака и за потврдување на соодветната дозволена возраст пропишана со закон за вршење на нарачки и купување на производи. Во моментот на реализацијата на плаќањето со платежни картички, купувачот се пренасочува на заштитена web страна на Комерцијална Банка АД Скопје на која ги внесува податоците од платежната картичка потребни за реализација на плаќањето со што Симбио Медик доо Скопје не располага со истите.
7.Симбио Медик доо Скопје ги чува контакт информациите, адресата за испорака и телефонскиот број на примачите на подароци со цел да обезбеди навремена испорака на подарокот. Овие податоци не се продаваат, споделуваат или изнајмуваат на трети лица, но можат да бидат искористени при промоција на нови производи и услуги за кои сметаме дека може да бидат од заеднички интерес. Примачите на подароци имаат можност да се откажат од добивање на вакви е-mail пораки од Симбио Медик доо Скопје во било кое време.
8.Симбио Медик доо Скопје користи “cookies” со цел да ви го олесни користењето на интернет страната. “Cookies” се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот компјутер, овозможувајќи и на нашата е-продавница да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите е-продавницата на Симбио Медик доо Скопје. Тие се користат исклучиво за да се приберат информации кои и се потребни на нашата е-продавница. Симбио Медик доо Скопје користи IP адреси за анализа на трендовите, администрирање на страната, следење на интересите на купувачот и за собирање на демографски податоци. IP адресите не се поврзани со личните профили. Веб страната ја забележува јавната IP адреса на корисниците. Оваа информација се зачувува, без никакви дополнителни информации околу останатите страници кои корисникот ги посетувал, освен страницата која го довела до Симбио Медик доо Скопје (на пример, при користење на пребарувач). Други веб страни кои се обезбедени како линкови на веб страната на Симбио Медик доо Скопје не секогаш ги спроведуваат истите политики како и Симбио Медик доо Скопје.
9.Симбио Медик доо Скопје им препорачува на сите родители и старатели да им посочат на своите деца како безбедно и одговорно да ракуваат со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да оставаат лични податоци на Симбио Медик доо Скопје без дозвола од своите родители или старатели. Симбио Медик доо Скопје никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на било каков начин, ниту пак да ги проследи на трета страна без дозвола од родител или старател.
10.Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, ве молиме контактирајте не.
11.Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци, тие ќе бидат објавени во овие услови за користење, на почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни.