Детали за производот

Fertilia Men+ L-Carnitine 30 таблети

2.000,00ден

ФЕРТИЛИА МЕН +  Л-КАРНИТИН е нашата основна формула за машка плодност. Го подобрува производството и квалитетот на спермата со намалување на штетите поврзани со оксидативниот стрес. Земањето на овој додаток во исхраната го зголемува квалитетот на спермата и го штити интегритетот на генетските информации на спермата. Да се комбинира со ФЕРТИЛИА МТЛ за најдобри резултати.

Категорија

Сподели

Опис

ФЕРТИЛИА МЕН +  Л-КАРНИТИН е нашата основна формула за машка плодност. Го подобрува производството и квалитетот на спермата со намалување на штетите поврзани со оксидативниот стрес. Земањето на овој додаток во исхраната го зголемува квалитетот на спермата и го штити интегритетот на генетските информации на спермата. Да се комбинира со ФЕРТИЛИА МТЛ за најдобри резултати.

 

  1. Податоци што треба да се знаат пред употреба на ФЕРТИЛИА МЕН + Л-КАРНИТИН

Неколку клинички студии покажуваат дека витамините и минералите се неопходни за здравјето на сперматозоидите. Поточно, оксидативниот стрес (т.е. поради фактори на животната средина или животниот стил) може да предизвика генетски и функционални промени во спермата. Л-Карнитинот е моќен антиоксиданс и клучен извор на енергија за подвижноста на спермата. Се покажа дека дневниот внес на хранливи материи како што е Л-Карнитинот ги зголемува шансите за зачнување. Овие хранливи материи и минерали се внимателно избрани во финалната формулација на ФЕРТИЛИА МЕН + Л КАРНИТИН.

  1. Податоци за правилна употреба на ФЕРТИЛИА МЕН + Л-КАРНИТИН

Начин на употреба: 1 таблета на ден, за 3 до 6 месеци.

Пред употреба препорачливо е да се консултирате со лекар или со фармацевт.

  1. Податоци за можни несакани дејства на ФЕРТИЛИА МЕН + Л-КАРНИТИН

Може да се појават гастроинтестинални симптоми како: гадење, повраќање, стомачни грчеви и дијареа.

Дополнувањето на цинк може да предизвика дефицит на бакар.

  1. Податоци за чување и рок на употреба на ФЕРТИЛИА МЕН + Л-КАРНИТИН

Да се чува производот затворен во оригиналното пакување на суво и темно место на температура од 25оС, подалеку од дофат на деца. Датумот на истек на рокот на употреба е означен на пакувањето. Да не се употребува по изминување на рокот на употреба наведен на пакувањето. Истекувањето на рокот на употреба се однесува на последниот ден од наведениот месец. Медицинските производи не треба да се фрлаат во отпадна вода ниту во смет од домаќинството. Прашајте го Вашиот фармацевт како да ги отстраните медицинските производи кои повеќе не Ви се потребни. Овие мерки ќе помогнат да се заштити околината.

 

  1. Содржина, начин на дејство и Дополнителни податоци за ФЕРТИЛИА МЕН + Л-КАРНИТИН

СОДРЖИНА НА 1 ТАБЛЕТА:

Ацетил-Л-Карнитин  ………………… 400 mg

Витамин Ц ………………………………. 300 mg

Витамин E  ………………………………. 67 mg AT/ 100 IU

Селен  …………………………………….. 80 mcg

Цинк  ……………………………………… 30 mg

Фолна киселина  ………………………. 1 mg

Витамин Б12  ………………………….. 50 mcg

АЦЕТИЛ-Л-КАРНИТИН (АЦЕТИЛ-Л-КАРНИТИН HCL)

Ацетил-Л-карнитинот е есенцијална амино киселина и антиоксиданс, кој е вклучен во производството на енергија и заштита од оксидативен стрес. Постои позитивна корелација помеѓу семената концентрација на Л-карнитини подвижноста, виталноста и бројот на сперматозоиди. Л-карнитинот е исто така важен за созревањето на спермата во епидидимисот.

ВИТАМИН Ц (АСКОРБИНА КИСЕЛИНА)

Витаминот Ц е антиоксиданс за кој е докажано дека ја штити ДНК на спермата од оксидативни повреди. Клиничките студии покажуваат дека витаминот Ц исто така ја подобрува подвижноста и морфологијата на спермата.

ВИТАМИН Е (СУКЦИНАТ)

Витаминот Е е антиоксиданс кој ја поддржува одржливоста на незрелите сперматозоиди и придонесува за нивното созревање заедно со епидидимисот. Покрај тоа, клиничките студии покажуваат дека витаминот Е ја подобрувува способноста на спермата да оплоди.

ФОЛНА КИСЕЛИНА (ФОЛАТ, ВИТАМИН Б9)

Цинкот и фолната киселина се вклучени во производството на функционална сперма. Фолната киселина е есенцијален витамин од групата Б, неопходна за синтеза и обнова на нуклеинска киселина (ДНК база). Со внесувањето на фолати во исхраната на суб-фертилните мажи се покажало дека се подобрува квалитетот и бројот на сперматозоиди.

ВИТАМИН Б12 (МЕТИЛКОБАЛАМИН)

Витаминот Б12 е важен ко-фактор во клеточниот метаболизам и синтезата на ДНК. Витаминот Б12 игра важна улога во сперматогенезата.

ЦИНК (ГЛУКОНАТ)

Покрај тоа што е вклучен во производството на сперма, цинкот е важен стабилизатор на структурата на ДНК на спермата. Цинкот, исто така, може да игра витална улога во активноста на ензимите одговорни за оплодување.

СЕЛЕН (екстракт од квасец)

Селенот е кофактор (компонента) на еден од најважните антиоксидантни ензими во спермата. Селенот  исто така е структурна компонента на спермата.

Пакување: кутија со 30 таблети.

Начин на издавање: ФЕРТИЛИА МЕН +  Л-КАРНИТИН може да се продава и/или издава без лекарски рецепт.

  1. Потекло на производот:

Произведено и увезено од Канада од:

ACCUREX HEALTH CARE MANUFACTRURING Inc , Канада за

Technologies YAD Inc  , Канада