Детали за производот

FLOGO MAST (Флого маст) 50 g

330,00ден

Комплекс ензими во пуферен раствор (FLOGO Natural Enzymatic Complex ). Делуваат против воспаленија, ги ублажуваат непријатните симптоми кои ги пратат патолошките промени на кожата и слузокожата, ја поттикнуваат регенерацијата на оштетеното ткиво и го забрзуваат зараснувањето на раните.

Масло од невен (Calendulae oleum). Има изразено антифлогистно и дезинфиционо дејство на кожата и слузокожата, кај исеченици, гнојни рани, изгореници, чиреви.

Масло од бадем (Amygdalae oleum). Ја хидрира кожата, и ја враќа еластичноста и свежината.

Витамин E ацетат (Tocopherolis acetas) e најпознат антиоксиданс кој ги штити мембраните на клетките од штетното дејство на слободните радикали, ја зголемува влажноста на површинскиот слој на кожата и нејзиниот капацитет за врзување на водата.

Етерично масло на лаванда (Lavandulae aetheroleum)

Категорија

Сподели

Опис

Ги ублажува симптомите на вослпалителните процеси на кожата и слузокожата

Формулирана без парабени, вештачки бои и парфеми – со билен мирис и 100 % етерично масло од лаванда.

Карактеристики н  FLOGO mast

антисептична, противвоспалителна

регенеративна, протективна, емолиентна емулзивна маст

нутритивна и витаминска

Клучни состојки на  FLOGO mast

Комплекс ензими во пуферен раствор (FLOGO Natural Enzymatic Complex ). Делуваат против воспаленија, ги ублажуваат непријатните симптоми кои ги пратат патолошките промени на кожата и слузокожата, ја поттикнуваат регенерацијата на оштетеното ткиво и го забрзуваат зараснувањето на раните.

Масло од невен (Calendulae oleum). Има изразено антифлогистно и дезинфиционо дејство на кожата и слузокожата, кај исеченици, гнојни рани, изгореници, чиреви.

Масло од бадем (Amygdalae oleum). Ја хидрира кожата, и ја враќа еластичноста и свежината.

Витамин E ацетат (Tocopherolis acetas) e најпознат антиоксиданс кој ги штити мембраните на клетките од штетното дејство на слободните радикали, ја зголемува влажноста на површинскиот слој на кожата и нејзиниот капацитет за врзување на водата.

Етерично масло на лаванда (Lavandulae aetheroleum)

Делува антиинфламаторно – го намалува воспалението, ја смирува кожата и го отстранува чешањето.

Борнa киселина (Acidum boricum) e ефикасен антисептик кој ја спречува секундарната бактериска инфекција.

 

Кога се применува FLOGO mast?

Благодарејќи на својот состав и механизам на делување, FLOGO  mast брзо и ефективно ги отстранува сите воспалителни состојби на кожата и кутаната слузокожа, затоа нашиот производ е “маст на изборот” за надворешна примена.

Се користи за намалување на воспаленија на екцематозна кожа, гнојни чирови, акни и мозолчиња, зараснати влакна и нокти,  гребнатинки, чешање кај хемороидни воспаленија, отоци,  изгореници, смрзнатини, убоди од инсекти, површински декубитни рани и др.

Маста се нанесува исклучително надворешно на чиста и дезинфицирана кожа!

Да не се нанесува маста на длабоки отворени рани!

Апликација на маста: Саканата количина на маста, пополека нанесете ја во подебел слој директно на кожата и/или слузокожата (не ја втривајте маста) 2-3 пати на ден. Повторете ја процедурата се до подобрувањето на состојбата на кожата и/или слузокожата.