Детали за производот

IHTIOL – KAMFOR MAST (Ихтиол-камфор) 50 g

240,00ден

Ги ублажува симптомите на воспалени состојби на тетиви, зглобови и меки ткива

Ја подобрува циркулацијата и регенерација на кожата

Формулирана без парабен, вештачки бои и парфеми –

со оригинален мирис и боја на камфор и ихтиол

Категорија

Сподели

Опис

Ги ублажува симптомите на воспалени состојби на тетиви, зглобови и меки ткива

Ја подобрува циркулацијата и регенерација на кожата

Формулирана без парабен, вештачки бои и парфеми –

со оригинален мирис и боја на камфор и ихтиол

Карактеристики на  IHTIOL-KAMFOR  mast

 

рубефациентна, антисептична

регенеративна, протeктивна и емолиентна

нутритивна и витаминска

 

Клучни состојки на IHTIOL-KAMFOR mast

Ихтиол (Ammonii sulfogyrodalas) традиционално е познат скоро 100 години, природен извор на органски врзаниот сулфур (висока содржина на вкупен сулфур) кој поседува антиинфламаторно, антибактериско, антимикотично, антисебореично својство.

Рибино масло (Jecoris oleum) е природен  извор на есенцијалните витамини А и Д3 неопходни за забрзаниот метаболизам, ептителизација и регенерација на кожата. Го подобрува статусот на сува, груба кожа и ја поттикнува нејзината хидратација.

Камфор (Camphora) e најпознат рубефациент кој ја подобрува циркулацијата и како иританс се употребува за втривање кај болки и отоци (кај ревматски болки, миалгии, неуралгии). Исклучителен е за подобрување на циркулација на акнаста и себореична кожа.

Масло од кантарион (Hyperici oleum) e традиционално познат антисептик и адстригент кој со години во народот се користи кај изгореници, исеченици и зараснување на рани. Смирува болки, се препорачува кај повреди на мускули, нагмечување на ткива, чиреви и отоци. Емолиентното масло стимулира регенерација на ткивата и го забрзува метаболизмот на кожата.

Витамин E aцетат (Tocopherolis acetas) e најпознат антиоксиданс кој ги штити клеточните мембрани од штетното дејство на слободните радикали, ја зголемува влажноста на површинскиот слој на кожата и неговиот капацитет за врзување на водата.

 

Кога се применува IHTIOL-KAMFOR mast?

Благодарејќи на својот состав, IHTIOL-KAMFOR  mast  брзо ги смирува симптомите на воспалени и болни состојби на тетиви, зглобови, меки ткива, чиреви, себореја, егземи и псоријаза.

 

Како се применува IHTIOL-KAMFOR  mast?

 

Маста се нанесува исклучително надворешно на чиста и дезинфицирана кожа!

Да не се нанесува маста на оштетена кожа и отворени рани!

Апликација на маста: Пополека нанесете соодветна количина на маст и добро втријте. Повторете ја постапката на нанесување до видно подобрување на состојбата.