Детали за производот
PICO MULTIVIT (Пико Мултивит капки) 12 ml
360,00ден
Додаток во исхраната кој содржи мултивитамини и флуор
Опис
Капките Пико Мултивит содржат: Флуор, Тиамин (витамин Б1), витамин Б6, витамин Б12, Ниацин (Витамин Б3), Биотин, витамин Ц, Рибофлавин (витамин Б2), витамин Е, витамин А, витамин Д3.
Рибофлавин (витамин Б2), ниацин (витамин Б3) придонесуваат за нормалната состојба на мукозните мембрани.
Витамин Б6 и рибофлавин (витамин Б2) придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста.
Тиамин (витамин Б1), ниацин (витамин Б3) и витамин Б6 придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем.
Ниацин (витамин Б3) и витамин Б6 придонесуваат за нормална психолошка функција.
Витамин Б6 и витамин Б12 придонесуваат за нормално формирање на црвените крвни клетки.
Токоферол (витамин Е) придонесува за нормално функционирање на клетките.
Токоферол (витамин Е) и аскорбинска киселина (витамин Ц) придонесуваат за нормално функционирање на крвните садови.
Аскорбинска киселина (витамин Ц) придонесува за одржување на бројни функции во организмот, како што се апсорпција на железо, функционирање на жлездите, имуностимулација, позитивен ефект врз нервниот систем.
Ретинол (витамин А) придонесува за одржување на видот, имуностимулација, одржување на нормалната функција на клетките.
Холекалциферол (витамин Д3) обезбедува нормална минерализација на коските и раст и развој на коскеното ткиво.
Флуорот ги заштитува забите: помага во минерализација на глеѓта, заштитува од појава на штетни орални бактерии, го успорува губењето на минерали од глеѓта и штити од кариес.
Биотин спаѓа во групата на Б витамини, кој помага во метаболизмот на мастите, јаглехидратите и протеините. Помага во одржување на нормалната функција на кожата, ноктите и косата.
Содржина на активни компоненти во шише:
Активни компоненти Содржина/1ml
Vitamin B1 0,4 mg
Vitamin B6 0,4 mg
Vıtamın B12 0,6 mcg
Vitamin PP (niacin, vitamin B3) 7 mg
Vıtamın D3 2,5 mcg
Vıtamın E 1,5 mg
Vıtamın A 450 mcg
Биотин 0,05 mg
Флуор 0,5 mg
Активни компоненти | Содржина/1mg |
Витамин Ц | 12 mg |
Витамин Б2 | 0.6mg |
Содржина на активни компоненти во капаче:
Состојки во шише: Прочистена вода, фруктоза, јаболков сок, емулгатор: полисорбат80, средство за регулирање на киселоста: лимонска киселина, конзерванси: калиум сорбат, натриум сорбат;
Состојки во капаче: силициум диоксид.
- Податоци што треба да се знаат пред употреба на Пико Мултивит капки
Контраиндицирани состојби од употребата на Пико Мултивит капки не се познати, единствено ако постои преосетливост на некоја од состојките.
Потребно е да се придржувате кон препорачаните дози.
Не постојат податоци дека Пико Мултивит капките е контраиндициран во состојба на бременост и доење.
- Податоци за правилна употреба на Пико Мултивит капки
Пред употреба компонентите од депозит капачето да се растворат во течноста.
Дозирање:
Деца над 6 месеци: 15- 20 капки, 1-2 пати на ден, или според упатствата на Вашиот лекар или фармацевт.
30 капки одговараат на 1 ml течност.
Начин на употреба: се зема орално, пред или после оброкот. Може да се земат директно или растворени во вода или друга течност.
- Податоци за можни несакани дејства
Потребно е да се придржувате кон препорачаните дози. Несакани дејства не се познати, освен преосетливост кон некоја од состојките. Производот да не се користи по истекот на рокот за употреба. Пико Мултивит капките не се контраиндицирани во состојби на бременост и доење.
- Податоци за чување и рок на употреба на Пико Мултивит капки
Да се чува на суво и ладно место и да се избегнува директна изложеност на топлина.
Рок на употреба 24 месеци од датумот на производство. Рокот на употреба е означен на пакувањето.
- Дополнителни податоци за Пико Мултивит капки
Пакување: Шише со депозит капаче од 12 ml.