Детали за производот
PICO MULTIVIT sirup (Пико Мултивит сируп) 150 ml
500,00ден
Сирупот Пико Мултивит содржи: Витамин Б1, витамин Б6, витамин Б12, витамин Ц, витамин Б3, витамин Б2, витамин Е, витамин А, витамин Д3, Витамин Б5, фолна киселина, калиум, магнезиум, цинк, бакар, манган, сув екстракт од грозје и сув екстракт од ацерола.
Опис
Сирупот Пико Мултивит содржи: Витамин Б1, витамин Б6, витамин Б12, витамин Ц, витамин Б3, витамин Б2, витамин Е, витамин А, витамин Д3, Витамин Б5, фолна киселина, калиум, магнезиум, цинк, бакар, манган, сув екстракт од грозје и сув екстракт од ацерола.
Рибофлавин (витамин Б2), ниацин (витамин Б3) и инозитол придонесуваат за нормалната состојба на мукозните мембрани.
Витамин Б6 и рибофлавин (витамин Б2) придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста.
Тиамин (витамин Б1), ниацин (витамин Б3) и витамин Б6 придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем.
Ниацин (витамин Б3) и витамин Б6 придонесуваат за нормална психолошка функција.
Витамин Б6 и витамин Б12 придонесуваат за нормално формирање на црвените крвни клетки.
Фолната киселина и витамин Б5 придонесуваат за нормално формирање на крвните клетки.
Токоферол (витамин Е) придонесува за нормално функционирање на клетките.
Токоферол (витамин Е) и аскорбинска киселина (витамин Ц) придонесуваат за нормално функционирање на крвните садови.
Аскорбинска киселина (витамин Ц) придонесува за одржување на бројни функции во организмот, како што се апсорпција на железо, функционирање на жлездите, имуностимулација, позитивен ефект врз нервниот систем.
Ретинол (витамин А) придонесува за одржување на видот, имуностимулација, одржување на нормалната функција на клетките.
Холекалциферол (витамин Д3) обезбедува нормална минерализација на коските и раст и развој на коскеното ткиво.
Калиум, манган и бакар се минерали во организмот кои овозможуваат нормално функционирање на сите клетки.
Магнезиум е минерал кој помага во одржување на нормалната функција на мускулите, нервниот систем, кардиоваскуларниот систем, црниот дроб, бубрезите.
Цинк е минерал кој придонесува за стимулација на имуниот одговор.
Содржина на активни компоненти:
Активни компоненти Содржина/15ml
Vitamin B1 0,55 mg
Vitamin B6 0,7 mg
Vıtamın B12 1,25 mcg
Vıtamın C 17,4 mg
Vitamin PP (niacin, vitamin B3) 8 mg
Vıtamın D3 2,5 mcg
Vıtamın E 6 mg
Vıtamın A 400 mcg
Vitamin B2 0,7 mg
Vitamin B5 3 mg
Folic Acid 90 mcg
Калиум 50 mg
Магнезиум 56 mg
Цинк 2,5 mg
Бакар 500 mcg
Манган 1 mg
Сув екстракт од грозје 15 mg
Сув екстракт од ацерола 100 mg
Состојки: Прочистена вода, фруктоза, сретство за подобрување на вкус и мирис, сок од јагода, сок од малина, сок од капина, згуснувач : ксантан гума, лимонска киселина, арома, конзерванси: калиум сорбат, натриум бензоат,
- Податоци што треба да се знаат пред употреба на Пико Мултивит сируп
Контраиндицирани состојби од употребата на Пико Мултивит сируп не се познати, единствено ако постои преосетливост на некоја од состојките.
Потребно е да се придржувате кон препорачаните дози.
Не постојат податоци дека Пико Мултивит сирупот е контраиндициран во состојба на бременост и доење.
- Податоци за правилна употреба на Пико Мултивит сируп
Дозирање:
Деца од 1-3 години по 2 х 5 ml дневно,
Деца над 4 години и возрасни по 3 х 5 ml дневно.
Начин на употреба: се зема орално, пред или после оброкот.
- Податоци за можни несакани дејства
Потребно е да се придржувате кон препорачаните дози. Несакани дејства не се познати, освен преосетливост кон некоја од состојките. Производот да не се користи по истекот на рокот за употреба. Пико Мултивит сирупот не е контраиндициран во состојби на бременост и доење.
- Податоци за чување и рок на употреба на Пико Мултивит сируп
Да се чува на суво и ладно место и да се избегнува директна изложеност на топлина.
Рок на употреба 20 месеци од датумот на производство. Рокот на употреба е означен на пакувањето.
- Дополнителни податоци за Пико Мултивит сируп
Пакување: Шише од 150 ml.