Детали за производот
RECOL BIMBO 7 ml
600,00ден
Активна состојка на Рекол бимбо капките е Lactobacillus reuteri– пробиотик присутен со 1×10⁸ живи клетки во 5 капки, што претставува еднократна единечна доза. Помага во ублажување на симптомите на инфатилни колики- грчеви кај новороденчиња, со што се намалува времетраењето на плачот.
Lactobacillus reuteri се јавува природно во телото и е единствениот пробиотик уникатно приспособен на дигестивниот тракт. Придобивката за здравјето е во тоа што Lactobacillus reuteri е супериорен пробиотик во однос на сите други пробиотици. Покрај неговото влијание врз олеснувањето и третманот на грчеви кај бебињата, Lactobacillus reuteri дава свој придонес при дијареа и повраќање, разни вирусни и цревни инфекции поврзани со неурамнотеженост на дигестивниот систем.
Опис
Активна состојка на Рекол бимбо капките е Lactobacillus reuteri– пробиотик присутен со 1×10⁸ живи клетки во 5 капки, што претставува еднократна единечна доза. Помага во ублажување на симптомите на инфатилни колики- грчеви кај новороденчиња, со што се намалува времетраењето на плачот.
Lactobacillus reuteri се јавува природно во телото и е единствениот пробиотик уникатно приспособен на дигестивниот тракт. Придобивката за здравјето е во тоа што Lactobacillus reuteri е супериорен пробиотик во однос на сите други пробиотици. Покрај неговото влијание врз олеснувањето и третманот на грчеви кај бебињата, Lactobacillus reuteri дава свој придонес при дијареа и повраќање, разни вирусни и цревни инфекции поврзани со неурамнотеженост на дигестивниот систем.
- Што е инфантилна колика- грч и како Рекол бимбо капките делуваат на инфантилните колики- грчеви кај бебињата?
Приближно едно од пет бебиња развива инфантилни колики- грчеви. Како да ги препознаете?
Бебето плаче континуирано или во серија на последователни епизоди на плач повеќе од 3 часа, приближно во исто време секој ден, барем три дена во неделата, иако бебето е здраво. Обично се јавуваат околу две недели по раѓањето и се појавуваат до 4-от месец.
Знаци на инфатилни колики- грчеви: бебето изгледа здраво и среќно во текот на денот, сè до доцна попладне или рано навечер, кога бебето почнува да плаче без никаква причина:
- Плаче континуирано, неутешно, или во серија на последователни епизоди на плач кои можат да траат и по три часа;
- Ги собира ножињата, ги стега рачињата во тупаници, се вцрвенува во лицето и прави гримаси, се грчи во стомачето со што ја искажува болката.
Причината за грчеви кај бебињата останува нејасна. Истражувањата укажуваат на потецијална улога на цревната микрофлора. Цревната микрофлора драстично се разликува кај бебињата со грчеви и кај оние без грчеви. Несоодветно ниво на лактобацили во раните денови од животот влијае на цревната масна киселина, со што се јавува подлога на гас- формирачки колониии на Clostridium difficille, Escherichia coli, Klebsiella, а последователното на тоа се јавува прекумерно производство интестинален воздух, голтање на воздух, спазам и болка, типично за инфантилна колика и плач кај бебињата. Со Рекол бимбо капките се внесуваат живи клетки на Lactobacillus reuteri кои можат да ја модулираат цревната микрофлора со колонизација на корисни бактерии за дигестивниот систем на бебето, со што може да се потисне прекумерниот раст на воспаление, потикнувачки микроби и гас-формирачки колонии и да се воспостави урамнотженост во работата на дигестивниот систем на новороденчето уште од првите денови.
- Податоци пред употреба
Рекол бимбо капките се состојат од Lactobacilus reuteri- живи бактерии клинички тестирани и докажани за да бидат ефикасни и безбедни за употреба кај бебиња и деца за да се намалат и ублажат сиптомите на инфантилни грчеви, повраќање и дијареа.
Рекол бимбо капките не претставуваат замена за оброк кај бебињата. Не смеат да се пречекоруваат препорачаните дневни дози.
Доколку бебето истовремено зема антибиотици или некои антифунгални лекови (Nystatin, Clotrimazol) препорачливо е капките Рекол бимбо да се земаат најрано 3 часа по земањето на антибиотик или антифунгален лек.
Контраиндицирани состојби за Рекол бимбо капките не се познати, единствено ако бебето е алергично или пречуствително на која било состојка од производот.
- Податоци за правилна употреба
Се даваат 5 капки од Рекол бимбо капките при секое хранење на бебето. Пред секоја употреба протресете ги капките. Доколку бебето го доите, во мала пластична лажица исцедете од мајчиното млеко и ставете 5 капки од Рекол бимбо во истата лажица, содржината ставете ја во устата на бебето и продолжете со доење.
Доколку бебето е на млечна формула, капките може да бидат измешан со оброкот кој не смее да биде врел, односно температурата да не е повисока од 37˚C. Исто така, може да се администрираат директно или со некоја друга ладна течност.
Не смее да се мешаат со врела вода.
Капките може да да се употребуваат до 4-месечна возраст или до исчезнување на грчевите.
- Податоци за чување и рок на употреба
Оргиналното пакување на Рекол бимбо капките да се чува во фрижидер на 4˚C. По првото отворање, може да се употребуваат 3 месеци. Шишето да се чува добро затворено. Да се чува далеку од дофат на деца.
- Рок на употреба
2 години од датумот на производство. Рокот на траење е означен на пакувањето.
- Дозирана форма и пакување
7мл перорални (преку уста) капки, во темнокафено стаклено шише, во кутија со упатство.
- Што содржат Рекол бимбо капките?
Активна состојка Рекол бимбо e Lactobacilus reuteri (DSM26866), содржина во единечна доза од 5 капки е 1*10⁸ живи клетки.
Неактивна состојка- полнител во Рекол бимбо капките e сончогледово масло 193мг во 5 капки.
Средства против згрутчување: силициумдиоксид