Кариера
28/04/2022 2022-04-28 20:51Кариера
АПЛИКАЦИЈА ЗА РАБОТНО МЕСТО ЗА МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК
Медицинскиот претставник ќе има клучна улога во соработката со здравствените професионалци, застапувајќи ги портфoлијата на реномирани производители
Потребни квалификации
ВСС, доктор по медицина, доктор по стоматологија или дипломиран фармацевт / магистер по фармација;
Работно искуство од најмалку една година во промоција на фармaцевтски производи.
Опис на работата
Понуда, промоција и презентација на додатоци во исхраната и гранични лекови од реномирани производители;
Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти;
Редовни извештаи;
Учество и организирање на стручни собири;
Следење и анализа на фармацевтскиот пазар.
Потребни вештини и способности
Познавање на MS Office;
Возачка дозвола Б категорија – активен возач;
Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки способности;
Самодоверба, одлучност и упорност;
Свесност за комерцијално и деловно работење;
Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.
Ние нудиме
Одговорна позиција во успешна компанија.
Позитивна корпорациска култура, високо компетентен тим и колегијалност.
Континуирана обука и можност за напредување.
Дневното работно време на оваа позиција е осум часови, со почеток од 08:00 до 16:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Доколку се пронајдовте во описот погоре, пратете ни ја вашата пријава!
Ве очекуваме…
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.
Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци две години по истекување на огласот.
Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок на следната е-маил адреса: [email protected]
Error: Contact form not found.