Правила и услови за користење
19/11/2021 2021-11-19 21:21Правила и услови за користење
Користење
ТД СИМБИО МЕДИК ДОО, ја поседува и ja менаџира веб страницата www.simbiomedic.mk и неговите верзии. Со употреба на оваа веб страница и нејзините услуги Вие се согласувате со Условите за користење (дефинирани подолу) и нашата Политика за заштита на лични податоци и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите за користење за да сте во тек доколку истите меѓувремено бидат променети.
Со користењето на интернет продавницата СИМБИО МЕДИК се обврзувате да ги почитувате следниве услови и правила.
Услови
Испорачателот на производите е ТД СИМБИО МЕДИК ДОО кој преку својата интернет продавница овозможува купување на голем асортиман на производи кои се наоѓаат во неговата понуда.
Купувач се смета секое правно и физичко лице кое преку електронски пат ќе нарача и плати производи.
Сите цени се изразени во македонската национална валута (ден) со вклучено ДДВ.
Содржината на simbiomedic.mk интернет продавницата е заштитена и ТД СИМБИО МЕДИК ДОО го има единственото право за нејзино користење. За секое комерцијално користење на содржината на simbiomedic.mk мора предходно да добиете одобрение од наша страна.
Нарачување
Производите се нарачуваат по електронски пат со селектирање на одреден производ и додавање во потрошувачката кошничка. Производите се сметаат за нарачани во моментот кога купувачот успешно ќе изврши плаќање.
Доколку СИМБИО МЕДИК нѐ е во можност да испорача било кој од нарачаните производи, има должност да го контактира корисникот телефонски или преку e-mail и по договор со купувачот да го замени производот со друг. Цените на производите важат на денот на нарачката.
Нарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани, со највисоки стандарди и сортирани според содржината на производот. Купувачот е должен при преземањето на нарачката истата да ја провери од евентуални оштетувања и веднаш да ја рекламира. Во спротивно СИМБИО МЕДИК не превзема никаква одговорност во понатамошно рекламирање.
СИМБИО МЕДИК во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој другподаток од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.
За да се регистрирате на нашата интернет страна треба да го потполните формуларот даден на simbiomedic.mk
Купувачот ја сноси одговорноста за точноста и потполноста на внесените податоци при регистрацијата. Доколку дојде до промени на поедини податоци кои ги имате внесено при регистрацијата должни сте да го ажурирате вашиот профил како би не информирале за настанатите промени. Адресата што ќе ја внесете при регистрација, важи за адреса на испорака доколку не направите измени при чекорите за нарачка.
Задолжително пополнување на точни и комплетни податоци
При регистрацијата секој корисник е должен да внесе точни податоци за своето име, презиме, адреса, е-маил адреса, телефонски број и број на трансакциска сметка.
Достава
СИМБИО МЕДИК нѐ гарантира дека испораката ќе биде временски точна во следниве услови:
- Екстремно лоши временски услови,
- Состојба на елементарна непогода,
- Друга официјална криза на локално или државно ниво.
За проценка на нормалноста на условите одлучува СИМБИО МЕДИК.
Доплатата за испорака се пресметува во вкупната цена на нарачката.
Политиката и условите на доставување подетално можете да ги погледнете во делот Правила за достава.
Лични податоци и безбедност при плаќање
СИМБИО МЕДИК ќе ги користи личните податоци на купувачот во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни и регулативни потреби. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. СИМБИО МЕДИК нема да сноси никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни. СИМБИО МЕДИК ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да се спречи кражба или злоупотреба, како и неавторизиран пристап. Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашитесервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Комерцијална Банка АД Скопје која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас нѐ се видливи податоците од Вашата платежна картичка, едиствена информација за Вашата трансакција која е Вашето име и презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.Сигурноста на податоците за време на купувањето, ги гарантира процесорот на платежните картички, Комерцијална Банка АД Скопје, со тоа се комплетира процесот на наплата кој се одвива на страницата на банката. Ниту во еден момент податоците за платежната картичка не се достапни на нашиот систем.
СИМБИО МЕДИК користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација е енкриптирана.
СИМБИО МЕДИК нѐ одговара за веродостојноста и целосноста на имињата и описите на производите како и за нивните слики.
Кога го користите СИМБИО МЕДИК или комуницирате преку e-mail со нас се согласувате дека сите спогодби кои се пренесени преку електронски пат ги задоволуваат правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ.
Корисникот се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата ТД СИМБИО МЕДИК ДОО, неговите одговорни лица, вработени и агенти за сите побарувања за оштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник.
СИМБИО МЕДИК нема да се смета за одговорен за функционирањето на сајтот во согласност со овие Услови на употреба, до степен до кој истото е предизвикано или одложено, делумно или целосно како резултат на настан или серија на настани кои се предизвикани од: временски непогоди или други дејствија на природата или виша сила, војна, тероризам, граѓански нереди или револуции, ембарго или карантин, штајкови, грешка или прекин на компјутерски храдвер, мрежи или софтвер или друго.
СИМБИО МЕДИК го задржува правото на измена на овие услови и правила без претходна најава. Сите промени се применуваат при вашето користење simbiomedic.mk интернет продавницата. Доколку нѐ се сложувате со наведените правила на користење или нѐ ви се јасни Ве молиме да не контактирате.
За тоа време Ве молиме да нѐ ги користите услугите на нашата интернет продавница.
За сите дополнителни информации, предлози и можни забелешки, Ве молиме контактирајте нѐ на тел. +3892 312 0012 или на [email protected].