Правила за достава

Правила за достава

Политика и услови на доставување на производите од аспект на рокови и начин на испорака
Оваа политика се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани до адресата која е наведена во нарачката под следните услови:
Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било коja локација, а испораката се спроведува на целото подрачје на Северна Македонија.
Достава на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект/фирма;
СИМБИО МЕДИК го задржува правото да ги промени/продолжи термините за достава доколку се појават ситуции кои што СИМБИО МЕДИК не би можел да ги предвиди и кои што отстапуваат од секојдневното тековно работење на СИМБИО МЕДИК.
Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цена на сметката;
За време на државни празници доставата е во термини кои ќе бидат определени од страна на СИМБИО МЕДИК.

СИМБИО МЕДИК не гарантира дека испораката ќе биде временски точна во следниве услови:
-Екстремно лоши временски услови,
-Состојба на елементарна непогода,
-Друга официјална криза на локално или државно ниво.

Испораката на производите се врши на адресата наведена за испорака од страна на купувачот
Сите измени поврзани со испораката ќе бидат јавно објавени преку измена на оваа Политика за достава за производи;
При подготвување на нарачката може да се случи некои производи во моментот да не бидат достапни во нашиот пункт за подготовка на нарачки и според тоа да не можат да бидат испорачани.
Во случај кога некој производ не е достапен за нарачка, ќе бидете телефонски исконтактирани од страна на нашиот тим за подготовка на нарачките и ќе ви биде понудена опцијата за нарачка на заменски производ со слична цена како избраниот производ.
Производите се испорачуваат со добар квалитет и рок на траење, гаранција (доколку производот има гаранција), испратница и фактура или фискална сметка за извршеното плаќање;
Нарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани од нашиот персонал за да истите не бидат оштетени за време на транспортот.
Сите измени поврзани со испораката ќе бидат јавно објавени преку измена на Правила за достава.

Враќање/ рекламација на производи
Секој купувач е должен при испорака на производите да направи проверка за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува;
Во случај кога на потрошувачот му се испорачани производи кои не се нарачани или производи на кои им е истечен рокот на употреба, или доколку купил производи со недостаток или оштетувања кои настанале при транспортот, купувачот има право на рекламација и истиот е должен да укаже на оправдана рекламација на СИМБИО МЕДИК на тел. +3892 312 0012 или на [email protected].

Купувачот е потребно да ја пријави рекламацијата веднаш;
Ако во моментот на поднесувањето на барањето за рекламација од потрошувачот, СИМБИО МЕДИК нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право да бара нов призвод кој што ќе одговара на неговите потреби или да бара враќање на платениот паричен износ за тој производ.
СИМБИО МЕДИК не одговара и не заменува производи по приемот на нарачката, доколку производот не е во оригиналното пакување или е употребуван.
Средствата ќе бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето.
СИМБИО МЕДИК има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата simbiomedic.mk
Ви препорачуваме при секоја посета на веб страницата да ги погледнете објавените измени од политиката за враќање.

Правила и услови доколку се откаже нарачката
Во случај да ја откажете нарачката, СИМБИО МЕДИК има право, да задржи од веќе платениот износ на име провизија за преземени дејствија по извршена нарачка