Description
Наменета е за: смирување на кожа со акни, осетлива кожа, декубитуси, изгореници, гребнатинки, црвенила на кожата, убоди, чешање и по интензивно сончање.
Клучни состојки на Zinc-vitaminskа mast:
Масло од јаглика (Oenothera biennis oleum) Во 17 век во англиската литература е спомнувано како УНИВЕРЗАЛЕН КРАЛСКИ ЛЕК. Од триесетите години на минатиот век влегува во состав на препарати за лекување на егземи и сува кожа.
Рибино масло (Jecoris oleum) Природен е извор на есенцијалните витамини А и Д3 нeoпходни за забрзан метаболизам , епителизација и регенерација на кожата. Го подобрува статусот на сува, груба кожа и ја поттикнува нејзината хидратација.
Витамин E aцетат (Tocopherolis acetas) e најпознат антиоксиданс кој ги штити клеточните мембрани од штетното дејство на слободните радикали, ја зголемува влажноста на површинскиот слој на кожата и неговиот капацитет за врзување на водата.
Цинк – оксид (Zinci oxydum) e ефикасен адсорбент и адстригент, затоа има значителна улога во процесите на зараснување и епителизација на оштетената кожа. Брзо го отстранува црвенилото, ја намалува иритацијата на кожата и ефикасно ја смирува кожата.
Tитан-диоксид (Titanii dioxydum) e природен бисерен пигмент, кој создава заштитен филм на површината на кожата и ја забрзува епителизацијата. Делувајќи синергистички со цинк-оксидот, најпопуларен е физички UV-филтер, ја штити кожата од штетното дејство на сонцето и други изгореници.
Eтерично масло од бергамото (Bergamotte aetheroleum) содржи лимонен, линалилацетат, линалоол и γ-терпинен . Дејствува антисептично и стимулативно. Ги ублажува смптомите на воспаленија на гнојни акни, егземи, псоријаза, херпеси, убоди на инсекти и болки во мускулите.