FERTILIA MEN + L-Carnitine 30 таблети
2,000.00 ден
ФЕРТИЛИА МЕН + Л-КАРНИТИН 30 таблети е нашата основна формула за машка плодност. Го подобрува производството и квалитетот на спермата со намалување на штетите поврзани со оксидативниот стрес. Земањето на овој додаток во исхраната го зголемува квалитетот на спермата и го штити интегритетот на генетските информации на спермата. Да се комбинира со ФЕРТИЛИА МТЛ за најдобри резултати.
Description
ФЕРТИЛИА МЕН + Л-КАРНИТИН е нашата основна формула за машка плодност. Го подобрува производството и квалитетот на спермата со намалување на штетите поврзани со оксидативниот стрес. Земањето на овој додаток во исхраната го зголемува квалитетот на спермата и го штити интегритетот на генетските информации на спермата. Да се комбинира со ФЕРТИЛИА МТЛ за најдобри резултати.
СОДРЖИНА НА 1 ТАБЛЕТА:
Ацетил-Л-Карнитин ………………… 400 mg
Витамин Ц ………………………………. 300 mg
Витамин E ………………………………. 67 mg AT/ 100 IU
Селен …………………………………….. 80 mcg
Цинк ……………………………………… 30 mg
Фолна киселина ………………………. 1 mg
Витамин Б12 ………………………….. 50 mcg
АЦЕТИЛ-Л-КАРНИТИН (АЦЕТИЛ-Л-КАРНИТИН HCL)
Ацетил-Л-карнитинот е есенцијална амино киселина и антиоксиданс, кој е вклучен во производството на енергија и заштита од оксидативен стрес. Постои позитивна корелација помеѓу семената концентрација на Л-карнитини подвижноста, виталноста и бројот на сперматозоиди. Л-карнитинот е исто така важен за созревањето на спермата во епидидимисот.
ВИТАМИН Ц (АСКОРБИНА КИСЕЛИНА)
Витаминот Ц е антиоксиданс за кој е докажано дека ја штити ДНК на спермата од оксидативни повреди. Клиничките студии покажуваат дека витаминот Ц исто така ја подобрува подвижноста и морфологијата на спермата.
ВИТАМИН Е (СУКЦИНАТ)
Витаминот Е е антиоксиданс кој ја поддржува одржливоста на незрелите сперматозоиди и придонесува за нивното созревање заедно со епидидимисот. Покрај тоа, клиничките студии покажуваат дека витаминот Е ја подобрувува способноста на спермата да оплоди.
ФОЛНА КИСЕЛИНА (ФОЛАТ, ВИТАМИН Б9)
Цинкот и фолната киселина се вклучени во производството на функционална сперма. Фолната киселина е есенцијален витамин од групата Б, неопходна за синтеза и обнова на нуклеинска киселина (ДНК база). Со внесувањето на фолати во исхраната на суб-фертилните мажи се покажало дека се подобрува квалитетот и бројот на сперматозоиди.
ВИТАМИН Б12 (МЕТИЛКОБАЛАМИН)
Витаминот Б12 е важен ко-фактор во клеточниот метаболизам и синтезата на ДНК. Витаминот Б12 игра важна улога во сперматогенезата.
ЦИНК (ГЛУКОНАТ)
Покрај тоа што е вклучен во производството на сперма, цинкот е важен стабилизатор на структурата на ДНК на спермата. Цинкот, исто така, може да игра витална улога во активноста на ензимите одговорни за оплодување.
СЕЛЕН (екстракт од квасец)
Селенот е кофактор (компонента) на еден од најважните антиоксидантни ензими во спермата. Селенот исто така е структурна компонента на спермата.
- Податоци што треба да се знаат пред употреба на ФЕРТИЛИА МЕН + Л-КАРНИТИН
Неколку клинички студии покажуваат дека витамините и минералите се неопходни за здравјето на сперматозоидите. Поточно, оксидативниот стрес (т.е. поради фактори на животната средина или животниот стил) може да предизвика генетски и функционални промени во спермата. Л-Карнитинот е моќен антиоксиданс и клучен извор на енергија за подвижноста на спермата. Се покажа дека дневниот внес на хранливи материи како што е Л-Карнитинот ги зголемува шансите за зачнување. Овие хранливи материи и минерали се внимателно избрани во финалната формулација на ФЕРТИЛ ПРО МЕН + Л КАРНИТИН.
- Податоци за правилна употреба на ФЕРТИЛИА МЕН + Л-КАРНИТИН
Начин на употреба: 1 таблета на ден, за 3 до 6 месеци.
Пред употреба препорачливо е да се консултирате со лекар или со фармацевт.
- Податоци за можни несакани дејства на ФЕРТИЛИА МЕН + Л-КАРНИТИН
Може да се појават гастроинтестинални симптоми како: гадење, повраќање, стомачни грчеви и дијареа.
Дополнувањето на цинк може да предизвика дефицит на бакар.
- Податоци за чување и рок на употреба на ФЕРТИЛИА МЕН + Л-КАРНИТИН
Да се чува производот затворен во оригиналното пакување на суво и темно место на температура од 25оС, подалеку од дофат на деца.
- Дополнителни податоци за ФЕРТИЛИА МЕН + Л-КАРНИТИН
Пакување: 30 таблети.
Начин на издавање: ФЕРТИЛИА МЕН + Л-КАРНИТИН може да се продава и/ или издава без лекарски рецепт.
- Потекло на производот:
Произведено и увезено од Канада.