FERTILIA MTL 30 капсули
1,800.00 ден
ФЕРТИЛИА МТЛ е комплементарна формула специјално дизајнирана да се подобри подвижноста на спермата кај мажи со астенозооспермија (ниска подвижност на спермата).
Description
ФЕРТИЛИА МТЛ е комплементарна формула специјално дизајнирана да се подобри подвижноста на спермата кај мажи со астенозооспермија (ниска подвижност на спермата).
СОДРЖИНА И НАЧИН НА ДЕЈСТВО НА ФЕРТИЛИА МТЛ:
СОДРЖИНА НА 1 ТАБЛЕТА:
Коензим Q10………………………………………………………. 100 mg
Ликопен ………………………………………………………. 2 mg
Бета-Каротин ………………………….. (3 mg) 5000 IU
Витамин Д3 …………………………………. (25 mcg) 1000 IU
β-КАРОТЕН: ПРОВИТАМИН А, РЕТИНОЛ
β-каротинот е прекурсорска хранлива материја на витаминот А. Припаѓа на семејството на каротеноиди. Во различните фази во созревањето на спермата има потреба од витамин А. Тој игра суштинска улога во нормалното производство на сперма во тестисите. Кај мажи со ниска подвижност на сперматозоидите забележан е недостаток одвитамин А. Важно е да се напомене дека каротеноидите делуваат во синергија со витамин Е, присутен во нашата основна формула за машка плодност (ФЕРТИЛ ПРО МЕН + Л КАРНИТИН).
КОЕНЗИМ Q10: УБИКИНОН – 10, УБИДЕКАРЕНОН
Коензимот Q10 е моќна и важна антиоксидантна молекула за машката плодност. Признаено е дека дефицитот од Коензимот Q10 е во корелација со ниската подвижност на сперматозоидите. Клиничките испитувања потврдуваат дека додатоците во исхраната со КоензимQ10 може да ги вратат претходните нивоа во семената теч ност и спермата на неплодни пациенти, чија ниска подвижност на спермата била откриена. Враќањето на нивоата на Коензимот Q10 во спермата е придружено со значително зголемување на подвижноста на спермата .
ЛИКОПЕН
Ликопенот е моќен антиоксиданс кој се наоѓа во растенијата. Припаѓа и на семејството на каротеноиди, чие синергетско дејство е препознатливо со витаминот Е. Ликопенот игра важна улога во заштитата на спермата од оксидативен стрес. Нормално присутен во големи количини во тестисите и семената течност, се чини дека неговата содржина е намалена кај мажите со неплодност од непознато потекло. Покрај тоа, клиничка студија потврдува дека суплементите кои содржат ликопен можат да ја подобрат подвижноста на спермата и да го зголемат потенцијалот за плодност кај луѓето.
ВИТАМИН Д: ХОЛЕКАЛЦИФЕРОЛ (ВИТАМИН Д3) ИЛИ ЕРГОКАЛЦИФЕРОЛ (ВИТАМИН Д2)
Витаминот Д е несуштински диететски витамин важен за одржување на коските и целокупното здравје. Меѓутоа, кај мажите, на статусот на витамин Д е поврзан со количината, подвижноста и морфологијата на сперматозоидите . Додатокот на витамин Д е корисен за подобрување на квалитетот на спермата, со што се зголемуваат шансите за зачнување.
- Податоци што треба да се знаат пред употреба на ФЕРТИЛИА МТЛ
Нискиот внес на антиоксиданси во исхраната е поврзан со оксидативниот стрес на спермата. Оксидативниот стрес на спермата влијае на подвижноста на спермата и капацитетот на спермата да ја препознае јајце клетката и да се спои со неа. Постои позитивна корелација помеѓу нивоата на витамин А, Коензим Q10, Ликопен и Витамин Д во семената течност и подвижноста на спермата . ФЕРТИЛИА МТЛ е специјален додаток наменет за мажи со ниска подвижност на спермата која се користи во комбинација со ФЕРТИЛ ПРО МЕН + Л-КАРНИТИН.
- Податоци за правилна употреба на ФЕРТИЛИА МТЛ
Начин на употреба: 1 капсула на ден, за 3 до 6 месеци.
Пред употреба препорачливо е да се консултирате со лекар или со фармацевт.
- Податоци за можни несакани дејства на ФЕРТИЛИА МТЛ
Не се забележани контраиндикации, единствено индивидуална преосетливост на некоја од состојките.
- Податоци за чување и рок на употреба на ФЕРТИЛИА МТЛ
Да се чува производот затворен во оригиналното пакување на суво и темно место на температура од 25оС, подалеку од дофат на деца.
- Дополнителни податоци за ФЕРТИЛИА МТЛ
Пакување: 30 капсули.
Начин на издавање: ФЕРТИЛИА МТЛ може да се продава и/ или издава без лекарски рецепт.
- Потекло на производот:
Произведено и увезено од Канада.