CANNA-VITAE Hemp CBD oil 20% (EXTRA ENERGY), капки, 10 ml

2,300.00 ден

Description

CANNA-VITAE Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY) Broad Spectrum е природно органски произведено масло добиено од екстракт од коноп (Cannabis sativa L). Овој производ помага да се врати целокупната рамнотежа на вашето тело, го намалува стресот и релаксира благодарение на неговите природни својства. Го одржува чувството на смиреност и благосостојба на целиот организам.

Производ ги овозможуваат сите придобивки од органскиот екстракт од коноп, познат и како “масло од канабис“. Како производ со широк спектар, маслото ги надминува ограничувањата на едно соединение.

CBD маслото е збогатено со Кокосово масло (Medium Chain Triglyceride – MCT) за да се обезбеди подобра апсорпција во организмот. Едноставно користете ја пипетата за да ги распределите капките под јазикот еднаш до двапати на ден. Почувствувајте се подобро со една дневна доза од CANNAVITAE CBD масло 20% (EXTRA ENERGY), направен со употреба на само најдобри природни вегански состојки.

CANNA-VITAE Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY) не содржи глутен и не содржи лактоза, без пестициди, хербициди и тешки метали.

CANNA-VITAE 20% CBD Broad Spectrum, маслото првенствено содржи CBD (канабидиол), но во помали концентрации може да содржи и останати канабиноиди како што се CBG (канабигерол), CBDV (канабидиварин) и CBC (канабихромен). Канабиноидите се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и на тој начин го подобруваат имунолошкиот систем на организмот.

CANNA-VITAE 20% CBD (EXTRA ENERGY) Broad Spectrum масло, содржи и други важни соединенија како што се терпени, флаворноиди, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, витамини (А, Б1, Б2, Б6, Ц, Д, Е).

Позитивни ефекти при употреба на CANNA-VITAE Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY)

Помага при следниве состојби: мултиплекс склероза, вознемиреност, епилепсија од сите возрасти, проблеми со хормоналниот систем, сон, несоница, кардиоваскуларен систем.

Некои од ефектите од употребата на маслото од канабис може да вклучат помош при стрес, анксиозност, депресија, нервоза и мускулни грчеви. Некои истражувања сугерираат дека маслото од канабис може да се користи против ефектите на гадење ако се подложи на хемотерапија или друга терапија со зрачење кај малигни заболувања. Овој производ може да ве ослободи од разни состојби на болка, поради неговото антиинфламаторно дејство.

Воедно, збогатено со масни киселини со среден ланец, овој производ исто така може да придонесе за намалување на воспалението и да обезбеди антибактериски и антифунгални својства.

CANNA-VITAE 20% CBD (EXTRA ENERGY) Broad Spectrum масло не е лек и затоа не треба да ја заменува главната терапија за овие болести.

Што треба да знаете пред да го употребите CANNAVITAE Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY)

Не го употребувајте производот додека упатството не го прочитате и разберете.

Бременост и доење

CANNA-VITAE Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY) Broad Spectrum не се употербува ако сте бремени или доите.

Влијание врз психофизичките способности

CANNAVITAE Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY) Broad Spectrum нема влијание врз способноста на пациентот да управува со превозно средство или да ракува со машини или да извршува тешки и небезбедни работни задачи.

Овој производ не содржи психотропни супстанци и нема психоактивно дејство (несодржи THC!).

Важни информации за некои состојки на CANNAVITAE  Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY)

Нема информации за неподносливост на било која од состојките на CANNA-VITAE  Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY) Broad Spectrum.

Земање/употреба на други медицински производи

Не се познати ефекти на други лекови врз CANNA-VITAE  Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY) Broad Spectrum.

CANNA-VITAE Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY) Broad Spectrum не смее да се зема истовремено со алкохол и други недозволени супстанции.

Доколку ви капне на очите, исплакнете ги со млаз од вода.

Како се употребува CANNA-VITAE Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY)

Маслото се зема со капнување со капалката под јазик. Се држи 30-тина секунди под јазик и се голта.

Пред употреба треба да се протресе шишенцето.

CANNAVITAE Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY) се употребува еднаш до два пати на ден, се препорачува наутро и навечер.

Максимална дозволена дневна доза за производот CANNAVITAE  со 20% CBD  Broad Spectrum е 7 капки на ден (1 капка содржи 10 мг CBD).

По препорака на доктор дозата може да се зголеми.

Можни несакани дејствија од CANNA-VITAE Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY)

Не се појавени несакани дејства при користење на CANNA-VITAE  Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY) Broad Spectrum.

Чување и рок на употреба на CANNA-VITAE Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY)

Да се чува на ладно и суво место. Подалеку од дофат на деца и подалеку од сончева светлина.

Препорачана температура за чување е од 4 оЦ до 20оЦ

Датумот на употреба е означен на пакувањето на производот и производот несмее да се употребува по истекот на рокот на употреба.

Дополнителни податоци за CANNA-VITAE Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY)

Производот CANNA-VITAE  Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY) Broad Spectrum ги содржи следниве компоненти:

Medium Chain Triglyceride (MCT) – Кокосово масло: 79-81%

Екстракт од Cannabis sativa L. (CBD – Cannabidiol): 19-21%

(Немојте да го употребувате производот, доколку сте чувствителни на некоја од овие состојки!)

Како изгледа производот

Шишенце од 10 мл, со капалка (пипета).

Производител на CANNA-VITAE Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY):

ALWAYS PURE ORGANICS

Unit 106, the Beehive 53 Derby Street

Manchester M8 8HW

UNITED KINGDOM

www.alwayspureorganics.com