CANNA-VITAE Hemp CBD oil 10% (ENERGY), капки, 10 ml

1,600.00 ден

Description

CANNA-VITAE Hemp CBD масло 10% (ENERGY) Broad Spectrum е природно органски произведено масло добиено од екстракт од коноп (Cannabis sativa L). Овој производ помага да се врати целокупната рамнотежа на вашето тело, го намалува стресот и релаксира благодарение на неговите природни својства. Го одржува чувството на смиреност и благосостојба на целиот организам. Производот ги овозможува сите придобивки од органскиот екстракт од коноп, познат и како “масло од канабис“. Како производ со широк спектар, маслото ги надминува ограничувањата на едно соединение.

CBD маслото е збогатено со Кокосово масло (Medium Chain Triglyceride – MCT) за да се обезбеди подобра апсорпција во организмот. Едноставно користете ја пипетата за да ги распределите капките под јазикот еднаш до двапати на ден. Почувствувајте се подобро со една дневна доза од CANNAVITAE CBD масло 10% (ENERGY), направен со употреба на само најдобри природни вегански состојки.

CANNA-VITAE Hemp CBD масло 10% (ENERGY) не содржи глутен и не содржи лактоза, без пестициди, хербициди и тешки метали.

CANNA-VITAE 10% CBD Broad Spectrum, маслото првенствено содржи CBD (канабидиол), но во помали концентрации може да содржи и останати канабиноиди како што се CBG (канабигерол), CBDV (канабидиварин) и CBC (канабихромен). Канабиноидите се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и на тој начин го подобруваат имунолошкиот систем на организмот.

CANNA-VITAE 10% CBD (ENERGY) Broad Spectrum масло, содржи и други важни соединенија како што се терпени, флаворноиди, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, витамини (А, Б1, Б2, Б6, Ц, Д, Е).

Позитивни ефекти при употреба на ANNA-VITAE Hemp CBD масло 10% (ENERGY)

Помага при следниве состојби: мултиплекс склероза, вознемиреност, епилепсија од сите возрасти, проблеми со хормоналниот систем, сон, несоница, кардиоваскуларен систем.

Некои од ефектите од употребата на маслото од канабис може да вклучат помош при стрес, анксиозност, депресија, нервоза и мускулни грчеви. Некои истражувања сугерираат дека маслото од канабис може да се користи против ефектите на гадење ако се подложи на хемотерапија или друга терапија со зрачење кај малигни заболувања. Овој производ може да ве ослободи од разни состојби на болка, поради неговото антиинфламаторно дејство.

Воедно, збогатено со масни киселини со среден ланец, овој производ исто така може да придонесе за намалување на воспалението и да обезбеди антибактериски и антифунгални својства.

CANNA-VITAE 10% CBD (ENERGY) Broad Spectrum масло не е лек и затоа не треба да ја заменува главната терапија за овие болести.

Бременост и доење

CANNA-VITAE Hemp CBD масло 10% (ENERGY) Broad Spectrum не се употербува ако сте бремени или доите.

Влијание врз психофизичките способности

CANNA-VITAE Hemp CBD масло 10% (ENERGY) Broad Spectrum нема влијание врз способноста на пациентот да управува со превозно средство или да ракува со машини или да извршува тешки и небезбедни работни задачи. Овој производ не содржи психотропни супстанци и нема психоактивно дејство (несодржи THC!).

Земање/употреба на други медицински производи: Не се познати ефекти на други лекови врз CANNA-VITAE Hemp CBD масло 10% (ENERGY) Broad Spectrum.

CANNA-VITAE Hemp CBD масло 10% (ENERGY) Broad Spectrum не смее да се зема истовремено со алкохол и други недозволени супстанции.

Доколку ви капне на очите, исплакнете ги со млаз од вода.

Како се употребува CANNA-VITAE Hemp CBD масло 10% (ENERGY)

Маслото се зема со капнување со капалката под јазик. Се држи 30-тина секунди под јазик и се голта.

Пред употреба треба да се протресе шишенцето.

CANNA-VITAE Hemp CBD масло 10% (ENERGY) се употребува еднаш до два пати на ден, се препорачува наутро и навечер.

Максимална дозволена дневна доза за производот CANNA-VITAE со 10% CBD Broad Spectrum е 14 капки на ден (1 капка содржи 5 мг CBD).

По препорака на доктор дозата може да се зголеми.

Можни несакани дејствија од CANNA-VITAE Hemp CBD масло 10% (ENERGY):  Не се појавени несакани дејства при користење на CANNA-VITAE Hemp CBD масло 10% (ENERGY) Broad Spectrum.

Чување и рок на употреба на CANNA-VITAE Hemp CBD масло 10% (ENERGY) : Да се чува на ладно и суво место. Подалеку од дофат на деца и подалеку од сончева светлина. Препорачана температура за чување е од 4°C до 20°C

Дополнителни податоци за CANNA-VITAE Hemp CBD масло 10% (ENERGY) : Производот CANNA-VITAE Hemp CBD масло 10% (ENERGY) Broad Spectrum ги содржи следниве компоненти: Medium Chain Triglyceride (MCT) – Кокосово масло: 89.5-90.5%, Екстракт од Cannabis sativa L. (CBD – Cannabidiol): 9.5-10.5% (Немојте да го употребувате производот, доколку сте чувствителни на некоја од овие состојки!)

Производител на CANNA-VITAE Hemp CBD масло 10% (ENERGY): ALWAYS PURE ORGANICS, Unit 106, the Beehive 53 Derby Street Manchester M8 8HW, UNITED KINGDOM