Sold out

Флого маст

300.00 ден

Out of stock

Description

Се користи за намалување на воспаленија на екцематозна кожа, гнојни чирови, акни и мозолчиња, зараснати влакна и нокти, гребнатинки, чешање кај хемороидни воспаленија, отоци, изгореници, смрзнатини, убоди од инсекти, површински декубитни рани и др.
Комплекс на ензими во пуферен раствор (FLOGO Natural Enzymatic Complex)
Природниот комплекс од ензими предизвикува неспецифична имунолошка реакција на местото на примена. Со тоа се зајакнува имунолошкиот одговор на самата клетка со што се придвижува механизмот за производство на одбранбени супстанци кои се спротивставуваат на предизвикувачите на инфекцијата и со самото тоа се ублажува и спречува понатамошниот развиток на промени на кожата и слузокожата. Делуваат против воспаленија, ублажуваат непријатни симптоми кои пратат патолошки промени на кожата и слузокожата, поттикнуваат регенерација на оштетеното ткиво и го забрзуваат зараснувањето на раните.

Масло од невен (Calendulae oleum) e природен емолиент со сложен состав, кој покрај останатото содржи каротен и други каротеноиди, флавоноиди, гликозиди, тритерпенски алкохоли, стероли и танини. Има изразено антифлогистично и дезинфициентно делување на кожата и слузокожата, кај исеченици, гнојни рани, изгореници, чирови.

Клучни состојки на FLOGO mast:

Масло од бадем (Amygdalae oleum) e традиционален природен емолиент. Содржи олеинска и линолна киселина – есенцијални незаситени масни киселини неопходни за метаболизам, тонус, исхрана и заштита на кожата. Ја хидрира кожата, и ја враќа еластичноста и свежината.

Витамин Е ацетат (Tocopherolis acetas) e најпознат антиоксиданс кој ги штити мембраните на клетките од штетното дејство на слободните радикали, ја зголемува влажноста на површинскиот слој на кожата и нејзиниот капацитет за врзување на водата.

Eтерично масло од лаванда (Lavandulae aetheroleum) содржи линалилацетат, линалоол, танини, флавоноиди и фитостероли. Делува антисептично и противвоспалително кај кожните болести и воспаленија. Го забрзува зараснувањето на раните и изгорениците.

Борна киселина (Acidum boricum) e eфикасен антисептик кој спречува секундарна бактериска инфекција. Делува антиинфламаторно – го намалува воспалението, ја смирува кожата и отстранува чешање.