Ихтиол – камфор маст

200.00 ден

Description

Благодарејќи на својот состав, IHTIOL-KAMFOR mast брзо ги смирува симптомите на воспалени и болни состојби на тетиви, зглобови, меки ткива, чиреви, себореја, егземи и псоријаза.

Клучни состојки на IHTIOL-KAMFOR mast

Ихтиол (Ammonii sulfogyrodalas) традиционално е познат скоро 100 години, природен извор на органски врзаниот сулфур (висока содржина на вкупен сулфур) кој поседува антиинфламаторно, антибактериско, антимикотично, антисебореично својство.

Рибино масло (Jecoris oleum) е природен извор на есенцијалните витамини А и Д3 неопходни за забрзаниот метаболизам, ептителизација и регенерација на кожата. Го подобрува статусот на сува, груба кожа и ја поттикнува нејзината хидратација.

Камфор (Camphora) e најпознат рубефациент кој ја подобрува циркулацијата и како иританс се употребува за втривање кај болки и отоци (кај ревматски болки, миалгии, неуралгии). Исклучителен е за подобрување на циркулација на акнаста и себореична кожа.

Масло од кантарион (Hyperici oleum) e традиционално познат антисептик и адстригент кој со години во народот се користи кај изгореници, исеченици и зараснување на рани. Смирува болки, се препорачува кај повреди на мускули, нагмечување на ткива, чиреви и отоци. Емолиентното масло стимулира регенерација на ткивата и го забрзува метаболизмот на кожата.

Витамин E aцетат (Tocopherolis acetas) e најпознат антиоксиданс кој ги штити клеточните мембрани од штетното дејство на слободните радикали, ја зголемува влажноста на површинскиот слој на кожата и неговиот капацитет за врзување на водата.