Description
Што претставува БРОНКТУС
Активни состојки на Бронктус сирупот се propolis– сув екстракт, багремов мед Ehinacea purpurea-сув екстракт, Grindellia-течен екстракт, Tolu балзам, Licorice-екстракт.
Медот и прополис – најчесто се користат за отстранување на горните и долните респираторни воспаленија и делуваат смирувачки на кашлицата. Општо е познато дека медот и прополисот имаат силно антимикробна, антибактериска и анти-воспалителни активност. Мед смирува сува, иритирачки кашлица и го олеснува искашлувањето.
Ehinacea purpurea – го зајакнува имунолошкиот систем и се препорачува како превентивна мерка на луѓе со ослабен имунитет или под зголемен стрес, физички или психички напор.
Licorice Glycyrrhiza glabra сладок корен- е респираторен демулцент делува антиимфламаторно на респираторниот тракт ја зголемува мукоцилиарната активност, односно формира тенок слој кој механички ја штити слузница на грлото и дишните патишта од дразби кои го предизвикуваат рефлексот на кашлање и на тој начин смирува сува и надразнителна кашлица.
Grindelia-моќен експекторанс кој помага во отстранување на конгестијата која што може да се појави при хроничен бронхитис, астма и бронхиална опструкција
Tolu балзам содржи состојки кои помагаат дa се отстрани конгестијата односно делува како експекторанс…
За што се употребува БРОНКТУС
БРОНКТУС сирупот помага:
- за смирување на сува непродуктивна иритирачка кашлица пропратена со воспаление во грлото; при настинка, грип или вирусни инфекции пропратени со кашлица кај возрасни,
- за искашлување –кога кашлицата е пропратена со зголемен бронхијален секрет помага во негово полесно исфрлање со разводнување на секретот,
- кај хроничен бронхитис, како додаток на стандардната терапија.
Доколку Бронктус се зема заедно со антибиотици или друга тераија при третман на бронхитис, делува како адјувант на терапијата со што ја олеснува состојбата.
Што треба да знаете пред да го употребите БРОНКТУС
Немојте да го употребувате граничниот производ БРОНКТУС:
- ако сте преосетливи (алергични) на било која составна компонента на граничниот производ (наведени во делот 6).
Бидете посебно внимателни со граничниот производ БРОНКТУС:
- ако имате подолготрајно заболување на органите за дишење, тешкотии со дишењето, покачена телесна температура, долготрајна кашлица или засипнатост, или крв во плунката; во таков случај морате веднаш да се јавите кај Вашиот лекар;
- ако сте бремени или ако доите;
- ако кашлицата не се смирува и после 5 до 7 дена од земањето на сирупот, во таков случај морате да се советувате со Вашиот лекар;
- БРОНКТУС сирупот содржи мед, и не се препорачува кај лица алергични на производи од пчели;
- сирупот содржи конзерванс натриум бензоат кој може да предизвика алергиски реакции;
- БРОНКТУС сирупот не е наменет за употреба кај деца.
Употреба со други лекови и медицински производи
Нема податоци за взаемни дејства со други лекови.
БРОНКТУС сирупот може безбедно да се употребува со други лекови (пр.антибиотици).
Земање на БРОНКТУС со храна или пијалок
Досега нема никакви сознанија за влијанието на храната на делувањето на овој граничен производ.
Бременост и доење
Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.
БРОНКТУС сирупот не се препорачува за употреба во текот на бременоста и периодот на доење.
Како да се употребува БРОНКТУС
Секогаш употребувајте БРОНКТУС според препораките дадени во упатството или како што Ви препорачал Вашиот лекар.
Сирупот е наменет за возрасни.
Препорачаната доза изнесува 10 ml на ден.
Шишето добро да се протресе пред употреба.
Да не се надминува дневната препорачана доза.
Ако сте употребиле повеќе БРОНКТУС од препорачаното?
Не земајте поголеми дози од препорачаните.
Ако сте заборавиле да земете БРОНКТУС
Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената.
Земете ја пропуштената доза што е можно поскоро, освен ако не е блиску времето на земање на следната доза. Во таков случај, не ја земајте пропуштената доза.
Во случај на било какви нејаснотии или прашања поврзани со употребата на овој граничен производ, обратете се на Вашиот лекар или фармацевт.
Можни несакани дејства
Како и сите медицински производи и БРОНКТУС сируп може да има несакани дејства, иако тие не се јавуваат кај сите пациенти.
Ретко може да се јават алергиски реакции кај преосетливи лица како што се кожен исип, јадеж, уртикарија. Ако се јави алергиска реакција, престанете со земање на граничниот производ и советувајте се со вашиот лекар или фармацевт.
Ако било кое од несаканите дејства стане тешко или ако забележите некои несакани дејства кои не се наведени во ова упатство, Ве молиме кажете му на вашиот лекар или фармацевт.
Чување и рок на употреба на граничниот производ БРОНКТУС
Да се чува студено и суво места.
Да се избегне изложување на топло, на светло или на вода. Шишето добро да се протресе пред употреба.
Граничниот производ да се чува на места подалеку од поглед и дофат на деца.
Рок на употреба
2 години од датумот на производство.
Датумот на истек на рокот на употреба е означен на пакувањето. Да не се употребува по изминување на рокот на употреба наведен на пакувањето. Истекувањето на рокот на употреба се однесува на последниот ден од наведениот месец.
Медицинските производи не треба да се фрлаат во отпадна вода ниту во смет од домаќинството. Прашајте го Вашиот фармацевт како да ги отстраните медицинските производи кои повеќе не Ви се потребни. Овие мерки ќе помогнат да се заштити околината.
Содржина на пакувањето и дополнителни информации
Што содржи граничниот производ БРОНКТУС
Активни компоненти:
10 ml сируп содржат:
Сув екстракт од прополис 50 mg, сув екстракт од Ехинацеа 130 mg, течен екстракт од Гринделиа 215 mg, Толу балзам 215 mg, екстракт од сладок корен-Licorice 315 mg.
Помошни компоненти:
Вода 6 g, фруктоза 3.5 g, мед 1.18 g.
Адитиви: Лимонска киселина 59 mg, гума ксанта 12 mg, калиум сорбат 18 mg, натриум бензоат.
Како изгледа и што содржи пакувањето во граничниот производ БРОНКТУС
Сируп.
Шише со 120 ml сируп.
Начин на издавање
Граничниот производ може да се издава и/илипродава без лекарски рецепт (БР).
Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитај го упатството.
- Пред употреба на граничниот производ внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас.
- Овој граничен производ се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за кои не е потребено совет од лекар. Меѓутоа, и покрај тоа, БРОНКТУС сируп треба да го употребувате претпазливо (внимателно) за да Ви биде што повеќе од корист.
- Чувајте го упатството. Можеби ќе треба да го прочитате повторно.
- Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт ако Ви се потребни дополнителни информации.
Производител
OFI s.p.a
Via A.Verga,14-24127, Бергамо, Италија.