/

Mentesan tbl

500.00 ден

Description

МЕНТЕСАН  30 таблети

 

За подобрување на циркулацијата на крвта, како и подобра функција  на мозокот, ушите, очите и екстремитетите

Додаток во исхраната од Гинко Билоба, Цинк и Л-карнитин

Начин на употреба: Се препорачува да се консумира по една таблета дневно

 

За подобрување на циркулацијата на крвта, како и подобра функција  на мозокот, ушите, очите и екстремитетите

Индикации: Ментесан е додаток во исхраната кој содржи:

Цинк, кој придонесува за нормални когнитивни функции како и за заштита на клетките од оксидативен стрес;

Екстрактот од  Гинко игра антиоксидантна улога и ја поттикнува  меморијата и когнитивните функции.

  • Ментесан помага при проблеми со ушите како зуење во ушите и вртоглавица
  • Придонесува за спречување на очни нарушувања како што се глауком, дијабетична ретинопатија
  • Ја подобрува циркулацијата на периферната крв помагајќи при болки во нозете при одење и чувство на студ на стапалата.

 

Гинко Билоба – Гинко е растение, од чии листови генерално се вадат екстракти кои потоа се користат во  лековити цели. Научниците откриле повеќе од 40 компоненти во Гинко, но се верува дека само две од нив се ефикасни:  флавоноиди и терпеноиди.  Флавоноидите се антиоксиданти од растително потекло кои ги штитат нервите, срцевиот мускул, крвните садови и мрежницата од оштетување на слободните радикали. Терпеноидите ја подобруваат циркулацијата на крвта со разредување на крвните садови и намалување на тромбоцитната агрегација. Гинко често се користи за подобрување на меморијата, вклучително и Алцхајмерова болест и други форми на деменција. Исто така, се користи за состојби кои произлегуваат од намалена циркулација на крвта во мозокот, особено кај постарите лица. Овие состојби вклучуваат губење на меморијата , главоболка, болка во ушите, вртоглавица, тешкотии со концентрацијата, промени во расположението и нарушување на слухот. Во некои случаи, луѓето го користат за други проблеми поврзани со општата циркулација на крвта, вклучувајќи болка во нозете при одење (Клаудикација) и Рејнолдов синдром, што значи болна реакција на студ, особено прстите на рацете и нозете. Гинко исто така се користи при нарушувања на мислата поради Лајмска болест и депресија и се покажа дека придонесува при проблеми со очите, вклучувајќи глауком, дијабетична болест на очите и AMD (макуларна дегенерација поврзана со возраста)

Цинксе наоѓа во сите клетки на телото. Неопходeн е зa заштитата на имунолошкиот систем (имунитетот) на организмот да функционира правилно. Тој игра важна улога во клеточната делба, растот на клетките, заздравувањето на раните и разградувањето на јаглехидратите.

Л-Карнитин –  е супстанца која му помага на телото да ги претвори мастите во енергија. Телото го изведува овој процес во црниот дроб и бубрезите и го складира во скелетните мускули, срцето, мозокот и спермата. Л-Карнитинот игра клучна улога во енергетскиот метаболизам. Тој ги транспортира масните киселини во митохондриите, така што масните киселини се подготвени да произведуваат енергија. Така, Л-карнитинот ги претвора мастите во енергија. Поради оваа причина, Л-Карнитинот влијае на детоксикација на  црниот дроб и при излачувањето на егзогени материи.

Карнитинот е предложен како третман за многу здравствени состојби бидејќи делува како антиоксиданс. Постојат неколку состојби на кои Карнитинот може да помогне како што се: ангина и срцев удар, периферна васкуларна болест, дијабетична невропатија, машка неплодност итн.

Доброто снабдување со микронутриенти како Гинко Билоба, Цинк и Л-Карнитин е важно за да се обезбедат добри физички и ментални перформанси.

Одржувањето на нервните клетки добро снабдени со есенцијални хранливи материи може да помогне во подобрувањето на концентрацијата и меморијата. Ако се зголеми протокот на крв во мозокот, тогаш енергијата, кислородот и хранливите материи може побрзо да се доставуваат до местата со висок метаболизам и на тој начин ги подобрува оптималните перформанси на мозокот, свесноста и меморијата.

 

Внимание: Гинко може да ја забави коагулацијата на крвта, а со тоа и консумацијата на додатокот Ментесан заедно со лекови за разредување на крвта како што се антикоагуланси и аспирин може да го зголемат ризикот од крварење.

Не се препорачува употреба на овој производ за време на бременост и доење.