Pico Lactis Plus шишенца

520.00 ден

Description

ПИКО ЛАКТИС ПЛУС (PICO LACTIS PLUS) шишенца со живи млечни бактерии, витамини од Б-комплексот, квасец и (ФОС) Фруктоолигосахариди

Ве молиме, пред употреба внимателно да го прочитате упатството. Ако ви се потребни дополнителни информации, посоветувајте се со фармацевт или со нашите стручни лица на тел: 02/3112022 или на е-пошта: [email protected]

Упатството содржи:

  • Што претставува Пико лактис плус и за што се употребува,
  • Податоци кои треба да се знаат пред употребата на Пико лактис плус,
  • Податоци за правилна употреба на Пико лактис плус,
  • Податоци за можни несакани дејства на Пико лактис плус,
  • Податоци за чување и рок на употреба на Пико Лактис плус и
  • Дополнителни податоци за Пико лактис плус

 

  • Што претставуваат Пико лактис плус и за што се употребуваат­?

Активни  состојки на Пико лактис плус шишенцата се живи млечни бактериски култури: Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus, Bacillus coagulans, Bifidobacterium animalis lactis, Lactobacillus bulgaricus,Saccaromyces cerevisiae-пробиотици, фруктоолигосахариди – пребиотици и Б витамини, кои се природни регулатори на цревната микрофлора  делуваат природно и немаат штетни влијанија. Според светска здраствена организација(WHO), пробиотици се  живи   микроорганизми кои применувани во адекватни количини се корисни за здравјето. За разлика од пробиотици, пребиотици не се живи микроорганизми туку се состојки на храната кои обезбедуваат раст и активност на корисните  цревни микроорганизми. Едноставно кажано, тие се храна за пробиотиците. Истовремена примена на пробиотици и пребиотици има синергистички, односно засилен ефект и таквите препарати се нарекуваат симбиотици.

Bacillus coagulans е микроорганизам во облик на ендоспора спорите се активираат во кисетла средина на желудникот и започнува размножување во цревата па поради тоа брзо и делотворно ја подобрува состојбата на цревнаа микрофлора.

Постојат референци за употреба на Bacillus coagulans за:

  • Ефикасен за лекување како и спречување на повторување на Cllostridium difficile асоциарана дијареа посебно кај деца,
  • Подуеност на стомакот при синдром на нервозно дебело црево
  • Ублажување на болки во стомакот
  • Подобрување на вагиналната флора

Оваа бактерија е оценета како безбедна  храна состојка

Фруктоолигосахаридите се подлога за потикнување раст на пробиотиците, тие се добар партнер за да се овозможи симбиотички ефект.

Витамините од Б групата се неопходни за општо здравје на нашиот организам.

 

Многубројни се студиите кои покажуваат дека стресот, неадекватната исхрана, често земање на антибиотици и покачена телесна температура можат значајно да ја нарушат рамнотежата на цревната микрофлора на дигестивниот систем што за последица може да има непријатни состојби како што се пролив, запек или надуеност, понекогаш  и сериозна инфекција. Во случај на вакви состојби препорачливо е да се зема Пико лактис плус кој е регулатор на цревната микрофлора делува природно и нема штетни влијанија.

  • Податоци пред употреба

Пико лактис плус се состојат од живи бактерии клинички тестирани и докажани за да бидат ефикасни и безбедни за регулирање на цревната микрофлора, при состојби на дијареа, стрес, неадекватна исхрана, патување и третман со антибиотици.

Контраиндицирани состојби за Пико лактис плус шишенцата не се познати, единствено ако постои преосетливост на некои од состојките во препаратот.

Доколку Пико лактис плус се зема заедно со антибиотици или антифунгални лекови треба да се земаат два часа после земањето на антибиотикот или антифунгалниот лек.

Потребно е да се придржувате на препорачаните дневни дози.

Не постојат податоци дека Пико лактис плус е контраиндициран во состојби на бременост и доење.

  • Податоци за правилна употреба

Треба да се пијат едно до две шишенца на ден или како што е препишано од страна на лекар по можност на празен стомак.Доколку е потребно се разредува со вода.

Посебниот современ систем на отварање на шишенцето овозможува припрема на суспензијата непосредно пред употреба.

1.Завртете го затворачот десно до крај.

2.Добро промешајте ја содржината во капачето.

3.Отворете го шишенцето и испијте ја содржината.

  • Податоци за можни несакани дејства на Пико лактис плус

 

Потребно е да се придржувате на препорачаните дневни дози. Производот да не се користи после истекот на рокот на употреба. Несакани дејства на Пико лактис плус шишенцата не се познати, единствено ако постои преосетливост на некои од состојките во препаратот. Не постојат податоци дека Пико лактис плус е контраиндициран во состојби на бременост и доење.

  • Податоци за чување

Оргиналното пакување на Пико лактис плус треба да се чува на ладно суво место. Да се чува на места недостапни за деца.

Рок на употреба

2 години од датумот на производство. Рокот на траење е означен на пакувањето.

  • Дозирана форма и пакување

8 темно кафеави шишенца од 10мл со депозит капаче

За орална употреба

Што содржат Пико лактис плус шишенцата?

Состојки во депозит капачето доза во 175 мг: Saccaromyces cerevisiae-25мг, Bifidobacterium animalis lactis-6.5 мг, Bacillus  coagulans-20мг, Lactobacillus rhamnosus-10 мг, Lactobacilus acidophilus-15мг, Lactobacillus bulgaricus-10мг

Витамини од Б групата: витамин Б12 (цијанокобаламин)-1.3 мг, витамин Б6 (пиридоксин  хидрохлорид)-1.1, фолна  киселина – 0.2 мг, витамин Б2 (рибофлавин)-1мг, витамин Б1(тиамин хидрохлорид)-0.8 г

Згуснувачи: силициум диоксид-8 мг, магнезиум стеарат-2мг, скроб-5мг

Состојки  во  10 мл шише: вода-7.5г, фруктоза3.5г,мед-0.6г,фос (фруктоолигосахариди)-0.1г, арома-25мг, лимонска киселина-0.03г.

Конзерванси: натриум бензоат-0.1г, калиум сорбат-0.1гр

 

  • Граничниот производ може да се издава и/или да се продава без рецепт(БР)

 

  • Име и адреса на производителот: OFI s.p.a Via A.Verga,14-24127 Bergamo Italy
  • Класификација на производот во земјата на потекло: Додаток на исхраната
  • Увозник и дистрибутер за Македонија: Симбио медик ДОО,

ул. „Интернационални бригади” бр. 4,1000 Скопје, тел:02/312012, е-пошта: [email protected]

  • Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи

11-3218/2 од 17.05.2016