/

Пико Бронктус Јуниор 120 мл

490.00 ден

Description

Што претставува ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР

Активни состојки на граничниот производ Пико Бронктус Јуниор сирупот се Marsh mallow dry extract сув екстракт од бел слез, Yeast beta glucan – Бета глукан од квасец, Plaintain fluid extract – Течен екстракт од тегавец.

Сув екстракт од бел слез – поволно дејствува при воспалитени промени на органите за дишење, ја ублажува сувата и иритирачка кашлица, ја омекнува мукозата на трахејата и бронхиите и поволно влијае на нивното оздравување. Коренот од бел слез содржи слузави материи кои всушност се главни активни компоненти, но и други компоненти кои имаат противвоспалително дејство.

Бета глукан од  квасец – делува како имуномодулатор, што значи дека активира последователни  настани кои ја поттикнуваат работата на имунолошкиот систем и така го прават поефикасен. Бета глуканот ја активира активноста на макрофагите, сестрани имунолошки клетки кои ги униптуваат патогените и ги поттикнуваат другите имунолошки клетки на одбрана на организмот. Освен тоа, бета глуканот ги стимулира и белите крвни зрнца (лимфоцитите) кои се врзуваат за туморите или вирусите и ефикасно го уништуваат.

Течен екстракт од тегавец – се употребува при воспаленија и заболувања на дишните патишта  кај деца. Се користи за симптоматски третман на иритации на устата или грлото придружени со сува кашлица. Екстрактот од тегавецот е препознатлив и по својата превентивна моќ, и  тегавецот е незаменлив во сезони на настинки и вирози.

За што се употребува ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР

ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР сирупот помага:

  • за смирување на сува непродуктивна иритирачка кашлица пропратена со воспаление во грлото. При настинка, грип или вирусна инфекција – пропратени со кашлица кај децата,
  • за искашлување –кога кашлицата е пропратена со зголемен бронхијален секрет помага во негово полесно исфрлање со разводнување на секретот,
  • кај хроничен бронхитис, како додаток на стандардната терапија.

Доколку ПИКО БРОНКТУС Јуниор се зема заедно со антибиотици  или друга тераија при третман на бронхитис, делува како адјувант на терапијата со што ја олеснува состојбата.

Што треба да знаете пред да го употребите ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР

Немојте да го употребувате граничниот производ ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР:

  • ако сте преосетливи (алергични) на било која составна компонента на граничниот производ (наведени во делот 6).

Бидете посебно внимателни со граничниот производ ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР:

  • ако имате подолготрајно заболување на органите за дишење, тешкотии со дишењето, покачена телесна температура, долготрајна кашлица или засипнатост, или крв во плунката; во таков случај морате веднаш да се јавите кај Вашиот лекар;
  • ако сте бремени или ако доите;
  • ако кашлицата не се смирува и после 5 до 7 дена од земањето на сирупот, во таков случај морате да се советувате со Вашиот лекар;
  • ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР сирупот содржи мед, и не се препорачува кај лица алергични на производи од пчели;
  • ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР сирупот содржи конзерванс натриум бензоат кој може да предизвика алергиски реакции.

Употреба со други лекови и медицински производи:

ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР сирупот може безбедно да се употребува со други лекови (на пример, антибиотици).

Земање на ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР со храна или пијалок

Досега нема никакви сознанија за влијанието на храната на делувањето на овој граничен производ.

Бременост и доење

Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.

БРОНКТУС сирупот не се препорачува за употреба во текот на бременоста и периодот на доење.

Како да се употребува ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР

Секогаш употребувајте ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР според препораките дадени во ова упатство или како што Ви препорачал Вашиот лекар.

Сирупот е наменет за употеба кај деца на возраст над 3 години.

Препорачаната доза изнесува 5-10 ml на ден.

Шишето добро да се протресе пред употреба.

Да не се надминува дневната  препорачана доза.

Ако сте употребиле повеќе ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР од препорачаното?

Не земајте поголеми дози од препорачаните.

Ако сте заборавиле да земете ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР:

Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената.

Земете ја пропуштената доза што е можно поскоро, освен ако не е блиску времето на земање на следната доза. Во таков случај, не ја земајте пропуштената доза.

 Во случај на било какви нејаснотии или прашања поврзани со употребата на овој граничен производ, обратете се на Вашиот лекар или фармацевт.

Можни несакани дејства

Како и сите медицински производи и ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР сируп може да има несакани дејства, иако истите не се јавуваат кај сите пациенти.

Ретко може да се јават алергиски реакции кај преосетливи лица.

Ако се јави алергиска реакција, престанете со земање на граничниот производ и советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Чување ирок на употреба на ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР

Да се чува студено и суво места.

Да се избегне изложување на топло, на светло или на вода. Шишето добро да се протресе пред употреба.

Граничниот производ да се чува на места подалеку од поглед и дофат на деца.

Рок на употреба

3 години од датумот на производство.

Датумот на истек на рокот на употреба е означен на пакувањето. Да не се употребува по изминување на рокот на употреба наведен на пакувањето. Истекувањето на рокот на употреба се однесува на последниот ден од наведениот месец.

Медицинските производи не треба да се фрлаат во отпадна вода ниту во смет од домаќинството. Прашајте го Вашиот фармацевт како да ги отстраните медицинските производи кои повеќе не Ви се потребни. Овие мерки ќе помогнат да се заштити околината.

Содржина на пакувањето и дополнителни информации

Што содржи ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР

Активни компоненти:

10 ml сируп содржат:

Сув екстракт од бел слез (Marsh mallow dry extract) 150 mg,  Бета глукан од квасец (Yeast beta glucan)  5 mg, Течен екстракт од тегавец (Plaintain fluid extract) 50 mg.

Помошни компоненти:

Вода 5.87 g, фруктоза 1.15 g,  мед 3.45 g, сок од јаболко 575 mg, сок од црна рибизла 173 mg.

Адитиви: гума ксанта 35 mg, калиум сорбат 14 mg, натриум бензоат 14 mg.

Како изгледа и што содржи пакувањето во ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР

Сируп.

Шише со 120 ml сируп.

Начин на издавање

Граничниот производ може да се издава и / или продава без лекарски рецепт (БР).

Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитај го упатството.

  • Пред употреба на граничниот производ внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас.
  • Овој граничен производ се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за кои не е потребено совет од лекар. Меѓутоа, и покрај тоа, ПИКО БРОНКТУС ЈУНИОР сируп треба да го употребувате претпазливо (внимателно) за да Ви биде што повеќе од корист.
  • Чувајте го упатството. Можеби ќе треба да го прочитате повторно.
  • Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт ако Ви се потребни дополнителни информации.

 Производител      

OFI s.p.a

Via A.Verga,14-24127, Бергамо, Италија.