/

Пико Б комплекс

480.00 ден

Диететски додаток во вид на сируп.

Description

СОДРЖИНА

Комплекс Б – витамини (Б2, Б3, Б5, Б6 и Б12), инозитол, пантотенска киселина, фруктоза, арома, конзерванс: калиум сорбат, средство за регулирање на киселоста: лимонска киселина.

ДЕЈСТВО

Сирупот Пико Б – комплекс е соодветен за спречување на замор и исцрпеност при секојдневната настава, стрес, корисен е за подобрување на помнењето и концентрацијата. Корисен за раст на телото, за време на пубертет, како и за време на терапија со антибиотици.
1. Производство на енергија
Витаминот Б1 е потребен за метаболизмот на јаглехидратите кои ги трошиме преку гликозата. Недостатокот на кој било од овие Б-витамини може да предизвика намалено производство на енергија, поспаност и замор.
2. Здрав нервен систем
Комплксот Б-витамини е суштински за здравото функционирање на нервниот систем. Недостатокот на кој било од овие Б-витамини може да предизвика чувство на стрес, неизвесност и депресија.
3. Добро варење
Комплексот Б-витамини е неопходен за доброто варење. За добро варење од животна важност се витамините Б1, Б2, Б3 и Б6. Недостатокот на кој било од овие Б-витамини може да предизвика нарушено варење и недостаток на суштинските хранливи материи.
4. Здрава кожа, нокти и коса
Кожата, косата и ноктите се во постојан раст. За да обезбедиме нивно подобро здравје ние имаме потреба од Б-витамините. Недостатокот на кој било од овие Б-витамини може да предизвика: кожа со сив пигмент, обојување на кожата, брчки, акни на лицето, вцрвенување, паѓање и слабеење на косата и кршење на ноктите.

ДОЗИРАЊЕ

  • 0 – 1 година по препорака од педијатар
  • 1 – 3 години – 1 x 5 мл/ден
  • 4 – 6 години – 1 x 7,5 мл/ден
  • над 6 годин – 1 x 10 мл/ден

НАЧИН НА УПОТРЕБА

Капките можат да се ставаат директно во устата на децата или да се разредуваат во млеко или во други видови храна.

ПАКУВАЊЕ

120 мл шише за орална употреба.

ВНИМАНИЕ

Да не се пречекорува препорачаната дневна доза. Да се чува на ладно и суво место. Да се избегнува директна изложеност на топлина. Да се чува на места недостапни за деца. Додатоците во исхраната не смеат да се користат како замена за разновидна и избалансирана исхрана..